Идеи за новогодишна шминка oд познати make-up гуруа

од  |  0 коментари

Немате идеа како да се нашминкате за прославата на најлудата ноќ? Денес со вас ќе споделиме неколку тематски различни туторијали за шминка од едни од најпознатите make-up гуруа во моментот, кои можат да ви дојдат при рака. Погледнете ги инструкциите од видеата и пробајте и вие да се нашминкате скоро совршено следејќи ги детално чекор по чекор сите зафати на  овие шминкери.

Како правилно да изведете nude усни (неутралени усни) од Марио Дедиванович. Ова е познатиот шминкер на Ким Кардашиан, кој скоро секаде е со неа во последните 3 години. За вас  го споделува туторијалот за трендовските nude (неутрални) усни,  видени повеќе пати на Ким Кардашиан.

Како правилно да го контурирате лицето но и како правилно да се нашминкате за прославата на празниците, 2 туторијали  од Carly Bybel која е доста позната стилистка и блогерка. Трендот на контуирање на лицето со шминка не само што го прави лицето да изгледа совршено затоа што ги следи линиите на лицето (контурите), го прави да изгледа и послабо.

Camila Coelho. Бите гламурозни  со советите на оваа позната португалска шминкерка која за кратко време успеа да постане доста славна поради незиниот талент.

Доколку сакате да изгледате неутрално потрбно ви е само малку пудра, малку кармин и најбитно средени веѓи. Како ова да го направите видете од советите на  – Мichelle Phan.  Многу чуле доста околу најдобрата шминкерка на Youtube која успеа да стане милионерка преку незиниот YouTube канал и неговата виралност. Погледнете го видеото и научете како да ги средувате вашите веѓи на правилен начин затоа што тоа со советите на Мишел го прават и милиони девојки во светот.

Доколку сте љубителки на гламурозност тогаш погледнете ги следните неколку видеа, и одберете изглед кој професионалците сметаат дека е соодветен за гламурозни девојки со стил и експресивност.