Дали умеете да ги препознаете симптомите на дехидраност?

од  |  0 коментари

Високите температури се голем причинител за појавата на дехидрираност!
Бидете особено внимателни во текот на летните месеци и зголемувајте го внесот на вода сразмерно со зголемувањето на температурите. Доколку за регуларни температури се потребни до 8 чаши вода дневно за да се чувствувате свежи и енергични, за време на топлите денови ве советуваме внесот на вода да го дуплирате и да го зголемите според реалните потреби и сигнали кои ви ги упатува вашето тело.
Дехидратацијата е сериозна сосотојба за која е потребно да бидете повеќе свесни за време на високите температури.

А дали знаете што всушност претставува дехидратацијата, кои се симптомите и како да ја спречите?

Дехидрираност се случува која телото губи повеќе течности отколку што биле внесени!

Телото на човекот се сотои до 70% од вода, па затоа кога нормалната содржина на вода во телото се редуцира, балансот на  минералите (солите и шеќерите) во телото се менува притоа тоа делува на функциите на целиот организам. Водата е застапена во 2/3 од човековото тело, таа ги навлажнува зглобовите и очите, помага при дигестијата, ги исфрла вишоците на токсини и ја одржува кожата здрава.

Некои од раните знаци на дехидрираност вклучуваат:

– чувство на жед и чувство на замаеност
– сува уста
– умореност
– урина со темна боја
– почесто урнинирање од вообичаено

Бебињата може да се дехидрирани доколку:
– не плачат со многу солзи, или плачат без солзи
– се зашеметени
– помалку ги мократ пелените
дете
Што ја предизвикува дехидратацијата?

Дехидратацијата вообичаено е предизвикана од невнесување на доволна количина на течности кои е потребно да ги заменат оние кои сме ги изгубиле. Климата, количината на физички напор особено на жешко време , како и начинот на исхрана може да допринесе до дехидратација.
До дехидратација може да дојде како резултат на болест, постојано повраќање, дијареа, или потење по треска.

Кои се ризиците од дехидратација?

Секој може да биде дехидратиран, меѓутоа одредени групи на луѓе се под зголемен потенцијален ризик од оваа појава.
Овие ризик групи ги вклучуваат:

  • бебињата и децата – тие имаат ниска телесна тежина и се сензитивни дури и на мала промена на течностите во нивото тело.
  • постари лица – постарите лица можеби се помалку свесни за нивната потреба од дополнителен внес на течности па затоа можно е да се дехидрираат повеќе.
  • луѓе со хронични состојби/болести – како дијабетис или алкохолизам
  • атлетичари – можат да изгубат голем дел од течностите преку потење за долг период на време

Што треба да правите во случај на дехидратација?

Доколку сте дехидратирани, пијте поголема количина на течности како вода или овошни сокови. Ова се многу поефективни од поголемите количини на чај или кафе. Газираните пијалоци можат да содржат поголема количина на шеќери отколку вистинската потреба.
Доколку ви се случува почесто да повраќате, пробајте со пиење на помали количини на вода пофрекфентно.
На бебињата и малите деца кои се дехидрирани не треба да им се даваат поголеми количини на вода, затоа што водата може да ги раствори веќе ниските нивоа на минерали во нивните тела и да води кон други проблеми.
За оваа цел потребно е консултирање со доктор и пиење на раствор за рехидратација достапен во аптеките. Доколку не се третираат, сериозните дехидратации можат да доведат до мозочни оштетувања, срцеви напади и смрт.

Кога е потребно да се консултирате со лекар?

– доколку чувствувате екстремна жед
– се чувствувате збунети, летаргични и константно уморни
– не сте биле по мала потреба околу осум часа
– чуствувате забрзан ритам на срцето
– се чувствувате зашеметено кога станувате и лошењето не ви поминува ни по неколку секунди
– доколу вашето дете/бебе имало повеќе од 6 пати случај на дијареа во последните 24 часа.

Dobra Voda ви препорачува зголемена употреба на течности за време на летните месеци за поголемо уживање во истите. Најголемиот знак кој вашето тело може да ви го даде пред да почувствувате симптоми на дехидратација е жед, главоболка, зголемена желба за храна и глад. Не игнорирајте ги овие знаци кои вашето тело ви ги дава и напијте се вода, верувајте веднаш ќе се чувствувате подобро и посвежо.
вода
Која вода е најдобро да ја пиете за да се чувствувате хидирирани?

Во текот на летните месеци секоја Dobra Voda е одличен извор за освежување!
Олични за овој период се и функционалните и минералните води во комбинација со неколку коцки мраз, затоа повелете и уживајте во надоброто освежување ова лето- вода.
водаааа