Прилагодете ја бојата и должината на косата спрема обликот на вашето лице

од  |  0 коментари

 

Стручнаците тврдат дека како што и фризурата е зависна од обликот на вашето лице , исто така  одредени нијанси на бои се прилагодуваат според обликот на вашето лице. Еве кој облик соодветно одговара на која боја на коса..

  • Широкото лице, најмногу доаѓа до израз со плава боја на коса, како и светло смеѓа и светло црвена нијанса.
  • Округлото лице ‘’ бара’’ шишки и прамени, конкретно нијанси на посветли тонови на шишките и горниот дел на косата, а неколку нијанси потемни на долниот дел на косата.
  • Четвртастото лице делува широко, па фризерите предлагаат темни нијанси како смеѓи, црвени како и црни.
  • Најдобар избор за овалано лице се средно плави нијанси,црвени, кафеави,лешник боја или смеѓи, а темните нијанси, особено потемни прамени визуелно го издолжуваат лицето.

 

Правило  ,,5.7  cm’’ –Дали подобро ви стои долга или кратка?

Правилото 5.7 cm открива дали ви стои долга или картка коса.Ова правило го измислил британски фризер  Џон Фриед од компанијата ,, Color Wow’’ кој тврди дека овие мерки играат суштинска улога кога се двоумите дали да ја скратите должината на вашата коса. Дефенитивно вреди да се проба овој едноставен тест. Нема потреба да се консултирате со фризерот, ниту пак да потрошите саати во истражување на интернет , се што треба да направите е  земете молив и линијар.

kosa-kratka-kosa-ravnalo-pravilo-od-5-7-cm

Ставете го линијарот паралелно со вратот, под увото, а под брадата хоризонтално ставете го моливот. Ако растојанието помеѓу ушите и брадата е поголемо од 5.7 сантиметри вам повеќе ви прилега долга коса. Доколку пак оддалеченоста помеѓу двете точки на лицето е точно 5.7 cm или помалку, вам повеќе ви одговара кратка коса.

Ова правило го осмислил  Џон Фриед после долготрајното, детално истражување на лицата на своите клиенти (кој голем дел од нив биле славни личности) . Тој е еден од најдобриот консултант кога станува збор за фризури.