Дестет најпребарувани работи на Google за 2014 година ширум светот

од  |  0 коментари

 

Секоја година компанијата Google објавува што најмногу се пребарува на интернет. Но пред да ја погледнете оваа листа,ве предизвикуваме да пробате да погодите. Што мислите кои биле најпребарувани поими на Google за 2014 година?

Еве што се било пребарувано, почнуваме од 10-то место,погледнете:

10.Зимски олимписки игри во Сочи

sochi-2014-logo

На последно место на оваа листа се наоѓаат XXII Зимски олимписки игри кои оваа година се одржаа во Сочи,Русија, од 7 до 23 февруари 2014 година.На кои што се одржаа 98 натпревари во 15 спортови. Ова беше прв пат Русија да биде земја домаќин и организатор на Зимските олимписки игри. За потребите на зимските олимписки игри 2014 година беа изградени 11 спортски арени, кои што се поделени на две групи: Олимписки парк кои се наоѓа во самиот град Сочи, и Планински олимписки комплекс, кој се наоѓа во близина на гратчето Krasnaja Poljana.

  1. Ледено кралство (Frozen)

Frozen-Free-Fall-for-iPad-5

Според Google овај анимиран филм е најгледан филм од овој тип. Frozen е направена според бајката,,Снежна кралица,, на Hansa Kristijan Andersen која што скоро и да не постои дете кое што овој филм не го има гледано.

  1. ISIS- Исламска држава Ирак и Сирија

Flag_of_the_Islamic_State_in_Iraq_and_the_Levant.svg_

Светот дефенитивно го интригира се во врска со исламот и исламските екстремисти.Исламската држава Ирак и Сирија е најпризната терористичка држава која под своја контрола ги држи повеќе делови од Ирак и Сирија. Формирана е на 3 јануари 2014 година.

  1. Кончита Вурст

20140321_Dancing_Stars_Conchita_Wurst_4187

Овогодинешниот евровизиски победник кој што едноставно привлече огромно светско внимание, тако што се наоѓа на средината на најпребаруваните според Google. И само да ве потсетиме Кончита е уметничка/ уметник од Австрија кој што ја претставуваше својaта земја на Евросонг 2014 година.

  1. Flappy Bird

flappy-bird-04-700x393-590x330

Навистина ќе беше чудно доколку на оваа листа не се наоѓа и малку разонода. Се работи за играта,, Flappy Bird” која после ,,Angru birds” направи најголема сензација. Креатор на играта е Negujen Ha Dong од Ханоја (Вијетнам). Играта за прв пат беше објавена на 24 март 2013 година како мобилна апликација.

  1. Ice bucket challenge

elle-ice-bucket-lgn

Кога помислувате на лето,веројатно меѓу останатото на памет ви паѓа и полевањето со кофа вода, предизвикот кој што милиони луѓе ширум светот го направија ова лето.Целта на овој предизвик беше да се соберат пари за клиничко истражување на лек за амиотрофична латерална склероза.

4.Малезија Ерлајнс

25878_1

 

Доколку ве чуди фактот што авио компанија се наоѓа на виско четврто место на оваа листа тоа е поради фактот што авионот кој што исчезна на 08 март 2014 година во 01:28 часот, се уште не е пронајден.Летот 370N беше меѓународен патнички лет од Куала Лумпур до Пекинг.

  1. Ебола

ebola

 Болеста која зад себе остави стотина мртви ширум Африка, а ставот од  нејзиното ширење сеуште постои. Симптомите обично почнуваат од два дена до три недели после инфицирање .

2.Светско првенство во фудбал

brasil-fifa-world-cup-logo-3

Мажи за ова сте вие виновни! Колку пати сте пребарувале за едно од најпопуларните натпреварувања во светот. Светското првенство се одржува на секое 4 години од првото светско првенство кое се одржа во 1930 година.Единствен период во кој што ова такмичење било прекинато е помеѓу 1942 и 1946 година, поради Втората светска војна.

1.Робин Вилијамс

35th Annual People's Choice Awards - Portraits

Трагичната вест за смрта на глумецот Робин Вилијамс дефенитивно го шоќира целиот свет, а шпекулациите околу причините за настанувањето на смрта,како и зошто ги заинтригирало луѓето да истражуваат. Причините за куцање на неговото име и презиме на Google e и желба повторно да одгледаме некоја од неговите филмски сцени, или пак неверојатните stand up шоу. Робин Маклорин Вилијамс го привлече вниманието на јавноста крајот на седумдесетти и почетокот на осумдесетти години,кога го освои својот прв Златен глобус.