Зошто сонуваме и кое е значењето на нашите соништа?

од  |  0 коментари

“Соништата се интерпретација на нашите карактери и секојдневие” – Henry David Thoreau

Соништата ги фасцинираат филозофите веќе илјадници години, а во последните децении се атрактивна тема за дискусија и модерни емпириски истражувања. Секој човек порано или подоцна пробува да ја пронајде смислата на своите соништа и незината поврзаност со реалноста.

Дали некогаш сте се запрашале зошто сонуваме и што всушнос претставува сонот?

Соништата можат да бидат многу живописни, да бидат полни со среќни емоции или со застрашувачка тематика. Научните гледишта во однос на тоа зошто сонуваме се поделени, некои сметаат дека реално соновите немаат вистинска смисла, додека пак другите веруваат дека сонувањето е незамелив дел од менталната, емоционалната добросостојба на човековото тело. Соништата според Фројд претставуваат прикриени исполнувања на потиснатите внатрешни желби на човекот. Тие се претчувство и наша скриена визија за нешто што ќе се случи во иднината или потсвесно сеќавање што со себе го носиме како товар на грб од минатото.

 Кое е значењето на 30те најчести симболи кои се појавуваат во соништата според Фројд?

1.Животни

Ова е симбол за нашите потиснати психички состојби кои се поврзани со природата и преживувањето. Доколку сонувате дека ве брка предатор, тогаш тоа значи дека во себе чувате агресија и гнев кон нешто што ви се случува во животот.

2. Бебиња

Можат да симболизираат буквална желба за потомство, значат дека сте ранливи емоционално или пак имате голема потреба за љубов или нови почетоци во животот.

3. Нешто ве брка

Ова е еден од начестите симболи кој се јавува во сонот во сите култури и означува дека нешто ви се заканува. Кога сонувате вакво нешто пробајте да размислите што е тоа што во реланиот живот може да ви биде закана кон здравјето, љубовта или семејството и пробајте да го избегнете вистински.

4. Алишта

Доколку сонувате облека тогаш сакате да го смените начинот на кој луѓето ве гледаат. Доколку се сонувате во широки алишта тгаш малку се цените и не се чувствувате вредно. Промената на нова облека, носењето на убава облека означува дека ви е потребна промена во стилот на живеење.

5. Крст

Крстовите имаат различни значења,  можат да значат баланс, смрт или крај на некоја фаза од животот. Во зависност од вашата религија и моменталните случувања треба да дефинирате што тоа значи.

6. Испит, распрашување, писмена работа

Ова се знаци дека треба самите да се преиспитате за одредени одлуки кои ги носите во животот.

7. Смрт

Кога сонувате смрт тоа не е претчувство дека некој ќе умре, напротив доколку сонувате пријател или сакана личност како умира тоа означува крај на некоја фаза и нов почеток во животот.

8. Паѓање

Ова е најчестиот симбол во соништата на секој човек и се однесува на нашата лична несигурност околу неуспех, губење на нешто и губење на контрола откако сме успеале да добиеме нешто

9. Неможност да се направи нешто

Кога сонувате дека неможете да свртите на телефон, брзо да реагирате додека на некој нешто му се случува во сонот, неможете да се конектирате на интернет, да управувате со возило и слично тогаш се плашите од неуспех од незнаење да направите нешто одредено во животот.

10. Храна

Храната во сонот симболизира знаење

11. Демони

Ова е знак на  потиснати и скриени емоции, потајно имате желба да го промените своето однесување.

12. Коса

Губењето коса значи буквален страв од оќелавување, кратењето на коса означува губење на либидо , а преостанатите симболи кои се однесуваат на коса всушност според Фројд се поврзани со сексуалноста.

13. Раце

Доколку ни се врзани тогаш означуваат члувство на немоќ и неможност да се бориме за нештото што го сакаме, миењето на раце означува чувство на кривица и грижа на совест за нешто што сме направиле, а додека пак доколку си ги гледаме рацете во сонот од близу тоа значи дека на добар пат сме да станеме посвесни за тоа што го правиме во животот било да е добро или лошо.

14. Куќа

Куќата означува емоции и потсвесни чувства, доколку сонуваме одредени соби од куќа тоа се различни емоции кои не врзуваат со одредената соба

15.Убивање

Ова е симбол за она што сакаме да го отстраниме од нашата личност, но и непријателски однос кон одредена личност

16. Брак

Мажење/женидба го отсликува буквално поттикот кој го имате за да стапите во брак

17. Пропуштање на авионски лет, автобуска линија и сл

Овој симбол ги отсликува пропуштените можности во животот и фрустрацијата која ја имате во себе поради тоа, овој сон најчест е кога се мачите да донесете тешка одлука

18. Пари

Парите означуваат очекувања во животот . Доколку сонувате дека сменувате пари тоа значи дека потребни ви се промени во животот.

19. Планини

Ова е симбол за пречки во животот, а искачувањето на планина значи дека ќе постигнете зацртана цел .

20. Голотија

Ќе се чувствувате откриено и со своето вистинско лице пред некои луѓе, барате можност за признавање на нешто , пр: сакате да ви биде признаено тоа што сте лојални и вредни кон некого

21. Луѓе

Во зависнот од типот на човекот- неговиот карактер, овој симбол ви прикажува рефлексија какви вие сте кон другите- другиот човек сте всушност вие

22.Радио и Тв

Кога сонувате радио или тв сетете се дали сте ги запрашале нешто предметите или себе во сонот, затоа што тие се симбол за комуникацијата помеѓу нашата свест и потсвест, па доколку во сонот имаме некаква носвост или одговор од овие канали тогаш тоа е некаква вистина

23. Патишта

Насоки во животот, време е да се запрашате и преиспитате себе што правите во животот и што планирате во иднина

24. Училишта

Доколку не сте студент  и доколку немате предмети за полагашње, тогаш време е да се запрашате какви лекции од минатото сте научиле во животот, затоа што ова е симбол за преиспиување на самите себе

25. Сексуална фантазија

Ова може да е желба за буквална потреба од таков акт или пак некакво унапредување и раст во животот.

26. Учител

Ова е знак дека авторитетна личност во ваша близина ќе ви го покаже вистинскиот одговор кој во моментот ви е потребен

27. Заби 

Доколку губите заби имате страв дека стареете и веќе не сте им привлечни на другите

28. Заробеност

Доколку не знаете кое решение да го одберете тогаш најчесто во соништата ќе ве мачи заробување, затвореност и сл.

29.Возила

Симбол за тоа кој ја има контролата врз вашиот живот. Дали се гледате себе или некој друг како ве вози во кола?

30.Вода

Мирната вода означува конечно доаѓање на мир и спокој, додека пак бранови и немирна ода рефлектира некаква неудобност или болест која можеби вие или некој ваш ближен ја искусува.