Детокс на вашето лице: хранлив третман за лице со Spirulina

од  |  0 коментари

Spirulina за вашата кожа

Spirulina е една од најбогатите со нутриенти суперхрани кои нудат бројни бенефити скоро за секој дел од човековото тело вклучувајќи ја и кожата. Овој рецепт со Spirulina, надополнет со други нутриенти кои се добри за вашата кожа помага при одржувањето на младешки сјај и потхранета кожа.
Детоксот поздразбира чистење на телото од надвор и од внатре затоа добро е покрај внесувањето на здрави намирници во исхраната, почестото излегување на свеж воздух и физичко активирање добро е да направите и третмани за потхранување и чистење на вашата кожа со цел да и направите еден вид на ”пролетно будење”.
Доколку често правите маски за лице, тогаш Spirulina доста ќе ви помогне во потхранувањето на вашата кожа и добро е да ја испробате.

Здравата и сјајна кожа не се добива преку ноќ, па затоа овој третман добро е да се повторува барем еднаш неделно.
Кои се добри намирници за комбинирање со Spirulina со цел постигнување на пролетен детокс на вашето лице?

1. Бананите се најдобрите пријатели на вашата кожа. Не само што е добро да се консумираат тие се и природен потхранувач за кожата кога се користат топично и ќе ја направат вашата кожа мека и нежна.

2. Комбинација од банана и авокадо: длабински ја потхрануваат сувата кожа со богатите масла од авокадото  и хидратирачката моќ на бананата.

3.Јогурт : делува лесно и хидратантно на кожата. Нашите баби користеле природни маски од јогурт преку ноќ со цел да ја направат својата кожа понежна и младолика.

4. Мед: медот делува  антибактериски па доколку имате нерегуларности во пигментацијата на кожата лесно ја осветлува кожата. Богат е со антиоксиданти, па во маска делува како одличен ”фејслифт” . Делотворен е во чистење на порите на лицето и доколку често се користи на лицето делува на тој начин што ја намалува нивната големина и натрупувањето со нечистотии.

5. Кокосово масло : делува антибактериски и ја потхранува кожата.

Зошто е добра за детокс Spirulinata?
Spirulina Pacifica е богата со витамини  A, B12, калциум, железо и фосфор кои се витални состојки потребни за убава сјајна кожа. Таа помага при регенерацијата на клетките и и помага на кожата полесно да се заздрави. Таа содржи и витамин Е, селен и други состојки познати по тоа што делуваат против стареењето на кожата. Spirulina Pacfica  е одлична за детокс затоа што е богата со антиоксиданти кои ги елиминираат слободните радикали кои се одговорни за стареењето на кожата.

Како да подготвите маска за лице со Spirulina Pacifica?
Маската не плашете се – зелена е по боја но одлична по вкус.
Сосема е природна што може и да се јаде 🙂


Ви ги препорачуваме следните комбинации на маски кои можете да ги направите во следните 4 недели – по една до две маски неделно би биле одлични за потхранување на вашата кожа.

1.Маска 

1/2 лажица Spirulina Pacifica во прав
1 лажица мед
1 лажица јогурт
Состојките се мешаат, се нанесуваат со спатула на веќе исчистено лице и измиено со млака вода.
Се оставаат да остојат до 15 минути.
Лицето се мие со млака вода.

2.Маска 
1/2 лажица Spirulina Pacifica во прав
1 испасирана банана
1 лажица јогурт
Состојките се мешаат, се нанесуваат со спатула на веќе исчистено лице и измиено со млака вода.
Се оставаат да остојат до 15 минути.
Лицето се мие со млака вода.

3.Маска 
1/2 лажица Spirulina Pacifica во прав
1 испасирано авокадо
1 лажица мед
Состојките се мешаат, се нанесуваат со спатула на веќе исчистено лице и измиено со млака вода.
Се оставаат да остојат до 10 минути.
Лицето се мие со млака вода.

4. Маска 
1/2 лажица Spirulina Pacifica во прав
1 лажица мед
1 лажица кокосово масло
Состојките се мешаат, се нанесуваат со спатула на веќе исчистено лице и измиено со млака вода.
Се оставаат да остојат до 10 минути.
Лицето се мие со млака вода.

 

 По нанесувањето на маската се препорачува користење на лесен хидратантен крем за лице. 
Лицето ќе ви биде освежено, чисто и нежно.