Дијамантска микродермоабразија на лице за блескав тен и мека кожа

од  |  0 коментари

Микродермобразијата стана еден од најпопуларните третмани во светот за блескав тен и чистота на лицето. И тоа не без причина. Се работи за безблна терапија која помага со дијамантските плочки да се направи пилинг на кожата со што се поттикнува нејзиното интензивно обновување.

На тој начин се зголемува отпорноста на кожата и капацитетот за влага, а одлични резултати се постигнуваат првенствено во борбата против митисериите, лузните и изразените брчки. Притоа се стимулира циркулација, чистење на порите со што се зацврстува кожата и се подобрува нејзината еластичност.

6

Што е дијамантската микродермобразија?

Дијамантската микродермобразија претставува механичко отстранување на површинскиот слој на кожата, изумрените слоеви, со помош на сонда со дијамантска глава и вакуум, кој паралелно прави и масаќа, што допринесува за чистење на лицето и ја подобрува циркулацијата и прави лимфна дренажа. Поттикнува раст на нови ќелии во базниот слој. Овој циклус трае 2 недели, а во зрелите години се успорува , па затоа треба да го забрзаме. Кај масната кожа на млади не доаѓа до редовно луштење на старите ќелии што се создава склоност кон акни. Затоа овој третман се препорачува за млада и зрела кожа.

Како микродермоабразијата делува на кожата?

* Сметајте го овој третман како идеален пилинг. Допринесува за обновување на кожата на следниот начин:

* Ги намалува старечките пеги (хиперпигментација) и малите брчки

* Ги намалува проширените пори: Стимулира настанување на нов колаген

* Го подобрува тонусот и текстурата на кожата

Состојбата на кожата е видливо подобра веднаш после првиот третман. На образите се гледа руменило, тенот се изедначува, кожата е мека! По правило, за оптимален ефект треба да се направат 4 до 6 третмани, кои се прават еднаш на 7 дена. За да ја одржуваме убавината на кожата, секои 3 месеци треба да правиме нови третмани. Третманот не трае повеќе од 30 минути, а освен на лице, може да се примени на раце, врат и деколте.

Што да правите после третманот?

Микродермобразијата ја зголемува чувствителноста на кожата на сончеви зраци, и заради тоа не треба да се сунчате барем 24 часа. освен тоа, кожата може да биде ќувствителна на врела вода и пот, па треба да се воздржите од интензивни тренинзи. За да го сочувате резултатот од овој третман подолг временски период, почитувајте ги следните правила:

-Користете хидратантен крем првата недела после третманот.
-Не користете креми и лосиони кои во себе содржат гликолна или млечна киселина, а исто така не користете скроб (механички пилинг), минимум 72 часа до и после третманот.
-Престанете да користите средства кои содржат Retin-A, минимум 72 часа пред и после третманот.
-Не користете декоративна козметика барем 24 часа (течна пудра, руменило). Крем и сенка за очи може да се нанесе непосредно после процедурата.

На кого помага третманот?

Микродермоабразијата е ефикасна кај сите типови на кожа, а особено е потребна на оние каде треба да се намали видливоста на пегите, лузните, брчките, да се изедначи тенот на лицето, да се подобри состојбата на безживотната кожа, сива кожа (пр. кај пушачи), или кожа што е груба заради дејството на сонцето. Овој третман е идеално решение за жени со проблематична кожа, склона кон појава на акни, раширени пори, мали лузни.

tidamtidam201310091445591

kodd

Овој третман не го препорачуваме на луѓе од следната група: со болни лузни, изгореници кои не се зараснати, луѓе со недијагностицирани отворени рани, херпес, брадавици, гнојни акни, дијабетес, црвенилa (rosacea) или автоимуна болест. Освен тоа, микродермоабразијата не се препорачува на луѓе со преосетлива кожа.

Исто така претставува идеален третман пред третманот мезотерапија без игла (електропорација) зошто ги отстранува мртвите ќелии кои се најголема препрека за продирање на корисните материи низ кожата.