Како да направите домашен шампон без токсини?

од  |  0 коментари

Дали знаете што означуваат ознаките (Sodium lauryl SLS, Sodium Laureth, Polyethylen Clycol, Parabens, Fragrances) на вашите омилени шампони?
Станува збор за токсини кои ја оштетуваат вашата коса, кожа и скалп кои ги абсорбираат некои од овие материи.

Sodium lauryl или SLS е ефтин детергент кој не само во шампоните може да се пронајде во многу други средства за лична хигиена како пасти за заби, креми за бричење, и др. Ипситувањата докажале дека оваа материја навлегува во организмот преку кожата а потоа се концентрира во крвотокот. Честички од оваа супстанца можеле да се пронајдат во срцето, бубрезите, џигерот..

Sodium Laureth или SLES е слична состојка на SLS , разликата е во тоа што во оваа состајка пронајден е  1,4 dioxane кој ги оштетува бубрезите а може и да поттикне појава на рак. Џигерот не може да ја метаболизира оваа канцерогена состојка и таа останува во телото неколку години.

Polyethylen Clycol или PEG е хемикалија која се додава на шампаоните со цел да добијат кремаста конзистенција. Тој во себе ја содржи супстанцата 1,4 dioxane како и  ethylene oxide кој исто е познат како камцерогена состојка.

Parabens- парабените се хемиски презервативи кои се однесуваат како естроген , не е ни чудо што се поврзуваат со рак на дојката.

Fragrance – мириси , одлични се затоа што миу даваат парфимиран мирис на вашиот омиулен шампон но затоа пак делуваат токсично врз вашиот организам предизвикувајќи ви чести главоболки, астма, дерматитис, дебелина итн..

Потребни состојки за вашиот шампон?

1/4 шоља кокосово млеко
1/4 шоља природен или органски течен сапун на база на арганово масло, корпива или пак мед
20 капки есенцијално масло

Состојките се мешаат во шише за шампон.