Предности зошто да изберете личен тренер

од  |  0 коментари

Пред се персоналниот тренинг е создаден да за краток период ги постигнете посакуваните резултати, без разлика дали станува збор за намалување на несаканите килограми, стекнување на тежина или дефинирање, тренерот ќе ви даде најдобри инструкции за тоа. Тренерот целосно се прилагодува на вас, правејќи идеална програма само за вас, која целосно ви одговара. Една работа што треба да ја разбере е дека не постојат две идентични луѓе, и дека мора да се анализира што е најдобро за индивидуата да постигне најдобри ефекти. Почетниците во тренинзите ја немаат оваа способност, што често доведува до погрешно вежбање или повреда. Имено личниот тренер е ваш водич кон основање на успешен систем за тренинг како и употребата на сето она што вие потребно. Исто така тој е одличен мотиватор во моментите кога ја губите желбата за тренирање и посакувате да правите нешто друго.

Од повеќето предности зошто да изберете личен тренер ќе издвоиме само 8 најважни:

1. Индивидуален пристап
Секоја фитнес програма се изработува спрема ваште физички карактеристики и поставените цели. Програма вклучува: фитнес програма, исхрана, потребни суплементи кои се прилагодени за вашите потреби и можности. Сето ова е основа за постигнувањена вашата поставена цел и успех од сето тоа. Почетниците во вежбањето често не сакаат и не умеат да направат ефикасна програма за вежбање, а погрешното вежбање може да остави сериозни последици на вашиот организам.
2. Мотивација
Еден од најдобрите причини зошто да ангажирате тренер е мотивацијата. Доколу верувате дека не можите или не уживате во вежбите многу лесно ќе се откажите, но токму затоа вашиот тренер ќе ви помогни да го дадете својот максимум на секој тренинг, охрабрувајќи ве и мотивирајќи да вежбате квалитетно, дури и во оние денови кога не сте расположени. Тренерот е тука да ви одржи високо ниво на мотивација и со своето знаење да ви помогни да ги премините сите пречки, како и да ги оставрите своите цели и заедно да поставите нови. Најдобро е да го изберете тренерот кој е одличен мотиватор и кој најповеќе одговара на вас, на тој начин тоа нема да ви биди само обврска , туку и вистинско задоволство да се тренира со приајтел.
3. Ефикасност
Во работата со личен тренер ќе ги правите само оние вежби со кој ќе постигните максимална ефикасност, избегнувајќи лутање од една до друга вежба за која не сте сигурни дали вие корисна и на кој начин. Тренерот е тука да се погрижи за секој дел од вашиот тренинг да биди совршено испланиран и од значење за вашите резултати, до кои ќе стигнете брзо и лесно.

4. Време
Успешните мажи и жени на кои времето им е пари, и кои кога веќе ќе издвојат време за рекреација сакаат најквалитетен однос помеѓу потрошеното време, енергија и изведените вежби. Многу кои вежбаат без помош на тренер во фитнес центрите се сигурно свесни колку време губат во додатните активности (зафатена справа,зафатена кардио справа, пријавување, разговори со членовите итн.) За кои исксусниот тренер води сметка за тоа времето да ви биди драгоцено.
5. Терапија
Спрема зборовите од многу психолози врската помегу личниот тренер и клиентот е во многу случаеви и психотерапевска. Со оглед дека вие побрзо и поефикасно стигнувате до посакуваните резултати, задоволството после потигнување на спортските цели кои сте си ги поставиле се прелива на сите сфери во вашиот живот што оди дриектно на постугнувањето на висока самодоверба, одлучност, енергичност и подобра интеракција со свето околу вас.
6. Стручност
Доколку со фитнесот се занимавате подолго време, а сепак верувате дека можите и повеќе и подобро, тренерите ќе ви помогнат да ја усовршите техниката и се потсетите на деталите на кои можеби сте заборавиле. Тренерот професионалец одлично ги познава процесите кои се случуваат во вашиот организам за време на тренингот, ќе ве зачуваат од повреди,
а исто времено ќе ви развијат психо-физички компоненти.
7. Посветеност
Покрај тоа што тренерот вие посветен исклучиво на вас во текот на тренингот, редовно вие на располагање и во периодот кога немате прилика да вежбате. Вие имате можност во секое време да го телефонирате својот личен тренер и да го прасхате за совет за исхрана или спортска активност која ја практикувате надвор од фитнес центарот , подобрувајќи ја вашата одлучност да издржите и постигните вашите цели.
8. Резултати
Резулатите се гарантирани! Доколку се одлучите да одберите свој личен тренер со тоа и резултатите ви се гарантирани, со сето тоа што вашиот тренер ќе одлучи да го земате и распоредот на вашите тренинзи вие веќе сте на патот до успехот. Тренерот е секогаш со вас да ве подкрепува, мотивира и подржува ваше е само да дадете се од себе и ги слушате неговите инструкции. Крајните резултати ќе ве направат сосема друга личност која со гаранција на сите ќе им се допаднете. Изборот е ваш!

Спремни ли сте да се вложите целосно за основање на нова личност каква што од секогаш сте посакувале да бидите со самодоверба, енергија, позитивност и Љубов?