Дизајн на екстериер – нова современа и поинаква градина

од  |  0 коментари

Сите ние имаме тенденција да бидеме уникатни, било да се однесува на личниот стил на живот, па се до идеите за уредување на домот.
Кога уредувате во дворот погрижете се во него да има што е можно повеќе зеленило, цвеќе, природни материјали и интересни и функционални елементи. Каменот е совршен додаток на сечија градина, затоа ве советуваме дворот да го облагодарите со елементи на мермер и гранит, во деловите од патеките, фонтаните, базените, украсите и декорот. Постојат безброј начини на кои со малку имагинација и природен камен и зеленило можете да креирате рај во својот дом.

Погледнете како да направите од вашиот двор место за комплетно уживање и панорамска градина.

1111

2

3

4

5

Кога станува збор за уредување на дворот, Европјаните и Американците мермерот и гранитот го користат како дел од трендовите за правење на кујна на отворено, камин на отворено и базени и џакузи кади во комодитетот на нивните дворови. Зошто не би уживале и ние? Доколку имате голем двор, а размислувате за инвестиција во нешто што би изгледало одлично погледнете ги овие идеи.

камин

6

7

fon

ggg

 Единствената причина зошто гранитот и мермерот одлично му парираат на цело ова зеленило и природа е затоа што всушност во основа тие се природни материјали и одлично се вклопуваат во сета таа природа и цел тој спој на природна убавина доаѓа сам по себе кај ваквиот тип на материјали, нормално вклопен и проследен со одличниот дизајн.