Како до совршена бања?

од  |  0 коментари

Бањата денес претставува еден многу важен дел од стамбениот простор, бидејќи покрај примарната функција која мора да ги задоволи и високите естетски критериуми. Модерниот начин на живот е ,,виновникот,,  кој доведе до тоа да бањите се претворат во простор за релаксација и одмор после напорните секојдневни обврски. Причината за тоа се наоѓа во модерниот и брз начин на живот и промените на светските пазари кои што ги диктираат модните трендови кога станува збор за уредувањето на бања. Современ и добро уреден дом  подразбира добро осмислена бања, со добра функционалност и естетски изглед. Бројни стручњаци откриваат тајната на добро осмислена бања.

luxury-master-bathrooms-ideas

После кујната, бањата во домот е вториот технолошки ,,најзахтевен дел’’ од домот на  кој што треба да се пристапи крајно сериозно кога се работи планирање и уредување на просторот.

Што се однесува пак до димензиите минимална величина на бањата е околу  пет квадратни метри, со тоа што по правило помалите домови имаат една бања, а во поголемите домови каде што самиот простор дозволува обично има и по две бањи, додека пак луксузно концепираните домови имаат  повеќе бањи, обично засебни бањи во склоп на спалните соби. Постојат безброј комбинации на основни елементи кои што првенствено зависат од просторот на располагање, можностите, желбите, навиките на користење, и секако буџетот.

Најчесто корисен тип на бањи е компактни или стандардни бањи, кои што ги среќаваме во скоро секој дом без разлика дали станува збор за голем или мал простор за живеење. Овој тип на бањи е едноставен со керамички, гранитни плочки со повеќе или помалку функционално сложени санитарни елементи кои даваат посебен удел во заедничкиот употреблив простор.

Друг тип на бања е т.н. wellness бања која што крајна тенденција на овој тип бањи е превземањето на улогата на дневната соба односно бањата како идеално место за релаксација и уживање. Покрај големата квадратура и широката лепеза на стандардни елементи што е типична за овој вид бањи,во составот на овие бањи спаѓаат и TV, сауна, а често и fitness дел со различни справи. На интервалот помеѓу стандардните и луксузните бањи не влијае само површината и организацијата на просторот него и начинот на уредување на површината, изборот и начинот на користење на материјалите т.е. функционалната естетска карактеристика на самите купатилска галантерија.

Основни санитарни елементи на секоја се:  wc школка, мијалник, када односно туш. Функционалноста односно меѓуодносите на елементите во бањата е основен параметар за функционалност на вашата бања.  При тоа што употребниот простор измеѓу мијалникот и кадата или туш кабината треба да бидат најмалку 90 cm, а пред Wc школката 60 cm слободен простор.

1192_A_3414

Насоки за уредување на бањата:

  1. Прво што треба да направите кога веќе сте се одлучиле за реновирање на бањата е да побарате помош (мислење) од стручњак така што вашата бања би ги задоволила вашите функционални и естетски потреби.
  2. Одредете буџет и основни насоки според кои ќе изберете плочки (мали,големи,темни,светли, со дезен,без дезен итн).
  3. Набавете ја потребната опрема
  4. Одберете стручен и квалитетен мајстор.
  5. Имајте трпение за сите чекори кои што етапно следат: инсталација на водата и канализација, електрична инсталација, грејна инсталација, пoдготовки поставување на плочките, монтажа на санитарната опрема.
  6. Детали и ситници за доработување.

 Подни и ѕидни плочки

Денес на пазарот постој многу широка понуда на плочки така што пред самиот избор потребно е да се одреди ,,насока на избор’’ дали тоа би биле керамички, гранитни плочки,цена,форма, текстура итн…Основната поделба е на подни и ѕидни плочки. Ѕидните плочки се поставуваат исклучиво на вертикални површини , додека пак подните можат да се постават и на  под и на ѕид. Ова е многу битен факт бидејќи доколку поставите ѕидни плочки на под може да доведе до ,,пукање’’ на плочките. При купување на плочки ве советуваме да набавите 10-15% повеќе од потребното со цел да се осигурате од кршење, сечење доколку е потребно при поставувањето…

Умивалници

На пазарот денес се јавува голем избор во различни облици од правоаголи, округли, до неправилни, како и материјалите од  кои се направени: керамички, стаклени, мраморни.. така и во различни бои дури можеме да кажеме дека денес се повеќе се популарни во црна боја.

1281_A_3302

Решете ги дилемите околу туш кабина или када

Тргнувајќи од основните главни правила кои кажуваат дека ако имате бања помала од 4 квадрати тогаш се подразбира дека ќе одберете туш кабина, а доколку пак се работи за поголема бања односно поголем простор слободно можете да се одлучите за када, но меѓутоа сето тоа е зависно од вашите потреби, навики  и преференции. Кои се предностите на кадата во однос на туш кабина? Во кадата можете да си правите топли купки, исто така капењето на децата е многу поденоставно и позабавно во када отколку во туш кабина.

Cropped-Tub-Shower-Combo-Lindon-Showroom

Реално гледано главната причина за избор на туш кабина наместо када е расположливиот простор, а и самиот современ начин на живот кој наведува брзо темпо на живот па така и не преостанува време за долготројно уживање во када. Често се води ,,двобој’’ дали е подобро  комфорна и класична опција када или пак туш кабина.  Колку и да изгледа овој ,,двобој’’ едноставен и лесен мораме да признаеме дека двете имаат и предности и свои мани. Но на крај сепак се е зависно од потребите, навиките и преференциите на сопствениците.

Доколку сте се одлучиле да ја реновирате вашата бања, идеално место каде што ќе добиете стручен совет а и навистина има и што да се избере посетете го продажниот центар на Бал- Бања Битола