Дневни соби по избор на дизајнери

од  |  0 коментари

Кога дизајнерите ќе се навратат на изминатите години, тие се согласни дека тука имало многу различни стилови и идеи, од традиционални и рустични до комбинации на модерни и ориентално сведени стилови.

Но, на крај, заклучокот е дека модата во дизајнот на ентериерот се истакнува во прв план, каде најбитно од се се: удобноста, топлината, софите и фотелјите изработени со природни материјали, како и цвеќе, цветни детали и многу светлина кои не остануваат незаприметени. Ќе забележите дека на овој стан кој ние го избравме за презентација, преовладува сината боја.

Како место за фамилијарен собир, посебно се обрнува внимание на дневната соба. Секогаш било така, а така и ќе остане. По избор на Elledecor и Housebeautiful екипата на уредници, ова се предлози за уредување на домашниот простор. Доколку планирате и вие да направите промени во домот или во животниот простор тогаш имајте ги во предвид свежите бои кои ќе би донесат ведрина во секојдневието.