Билки во Вашиот дом
Билки во Вашиот дом имаат посебна улога. Освен што го разубавуваат амбиентот, тие ја бркаат негативната енергија и влијаат на расположението. Дознаете кои врсти треба да имате во Вашиот животен простор.
Постојат собните билки кои во Вашиот животен простор ќе внесат повеќе квалитет отколку некои други. Фенг шуи билки со тркалезен облик, бидејќи животната енергија се движи во циклуси, во круг, така да билките најдобро ќе Ве наполнат со добра енергија. Се разбира дека билките треба да бидат убаво негувани и здрави, затоа што свенати и оштетени имаат контра ефект.
Опојната лаванда
За почеток е најбитно да се исфрлат вештачки работи од домот. Тоа вклучува пластично и суво цвеќе. Таквите работи ја шират негативната енергија и што повеќе ги имате во Вашиот дом, повеќе впивате негативна енергија, па и самите Вие станувате негативни. Во вазната ставајте само свежо цвеќе и држете го во средината на просторијата, најдобро на средина на столот. Цвеќето ќе ги впие мирисите и токсините. Секојдневно менувајте ја водата и кинете ги свенати лисја, како што повеќе цвеќето биде свежо. Единствен исклучок од ова правилото е лаванда која може да биде и сушена. Лаванда не само што симболизира мир и опуштеност туку со незиниот мирис позитивно влијае и на целото семејство.
Привлечете ја добрата енергија
Според фенг шуи позитивна енергија во Вачиот дом че шират сите билки со меснати лисја. Тука спаѓаат аглаонеме, кротони, ехеверије, дифенбахије, јаглика, темјанушка … Дебели лисја се тркалезни и донесуваат повеќе среќа. Иако бамбус не е типично украсна билка за нашето поднебје, одличен е избор за Вашата кујна или купатило, затоа што за неговиот раст му е потребна влага. Палмите се нешто поголеми билки и најмногу одговаараат за големи простории или ходник. Најлошиот избор се кактуси. Се смета дека луѓе со “остар” карактер сакаат да бидат окружени со кактуси.