Кажете НЕ на нередот во Вашиот дом

од  |  0 коментари

Ви е досадено постојано да се сопнувате од премногу предмети и да ги преместувате од фотеља на тросед, од подот во шкафот? Време е да посегнете за тајното оружје – полици, корпи, фиоки и скриени прегради. Станот ќе ви блесни!

Два во едно

Кревет со полица која се извлекува служи и за спиење и за учење. Многу е функционален бидејќи зазема малку простор и корисен е затоа што детето сакало тоа или не ќе мора почесто да раскрева долниот ниво. Во спротивно не ќе може да пријде до креветот кога ќе се реши да спие.

Убаво спакувани покривачи

Под креветот поставете фиоки кои ќе бидат преслечени со цврсто декоративно платно и ќе користат како место каде можат да бидат убаво спакувани ќебињата, прекривките и перничињата и летна или зимска гардероба. Во детска соба можат да послужат и за клавање играчки.

Тајното место под скалите

Доколку Вашите деца во нивната соба имаат кревет на кат, наместо класичните скали набавете функционални дрвени скали. Децата ќе бидат среќни затоа што под секоја скала ќе можат да стават книги, играчки и други за нив потребни работи.

Штедете време, сочувајте ги нервите

Доколку се одлучивте да купете или направете ормар кој нема класични полици, ќе бидете во ќар. Поголем број на полици овозможува подобра прегледност и полесно редење на работите. Гардероба нема да се тутка и Вие со леснотија ќе ги најдувате се што ќе побарате.

Алишта веднаш на дофат на Вашата рака

Ако немате комода со фиоки кои се совршени за одлагање на алишта и веш, набавете платнена полица која се качи на шипки во ормарот. Ќе имате доволно место за одлагањето на вешот, чорапи, ешарпи … Овие полици можат да се перат.