Долгите трепки секогаш во тренд !

од  |  0 коментари

Правилната нега на трепките е многу битна. Освен естетска функција трепките ги штитат очите, но изложени се на прашина, загадување, шминка,  УВ зрачењето исто како и веѓите, кои со годините се проредуваат. Правилната нега на трепките е многу важна затоа што нередовната или несоодветната нега може да ги затне каналите на капците, да предизвика инфекција на окото и многу други проблеми.

Маскара

Ставањето на маскара означува крај на шминкањето. Во зависност од тоа дали сакате подолги или погусти трепки, изберете маскара која визуелно издолжува и дава волумен. Прво нанесете маскара на долните трепки. На горните трепки нанесувајте маскара одозгора, а потоа одоздола. Помеѓу два слоја на маскара трепките расчешлајте ги со суво четче која ја сочувавте од старата истрошена маскара. Не ставајте повеќе од два слоја на маскара,  за да немате грутки на трепките, размачкување и неуреден изглед. За подобар изглед на окото и трепките ставајте ајлајнер, кој е во мода.

Отстранување на шминката

Ја користете водоотпорна маскара? Не користете беби масла за да ја отстранете шминката, затоа што капакот ќе Ви остани замастен, иритиран и потечен. Изберете препарат кој во себе не содржи масло кое е посебно наменето за отстранување на шминка од очите. Постојат и практични пакувања со веќе натопени туфери, кои се идеални за патување.

Издолжување на трепките

Трепките се издолжуваат со помош на маскара, со вештачки трепки или со посебни влакна кои се нанесуваат на трепките и им дават погуст и подолг изглед. Вештачките трепки ги има во различни должини и бои. Не морате да ги земете оние кои се најдолги доколку тоа ќе го наруши балансот на Вашето лице. Најприродно делуваат микро влакната кои се нанесуваат помеѓу два слоја на маскара.

Цртање на веѓите

Што се однесува на веѓите, можете да ги цртате со молив, но секогаш изберете посветла нијанса од природната боја. Добар трик е и нанесување со четче малку сенка за очи. Можно е и додавање на влакненца за потполно природен изглед на погусти веѓи.

Свиткување на трепките

Апарати за свиткување на трепките помагаат да трепките добијат подолг и погламурозен изглед, а погледот станува заводлив. Механички свиткувачи се држат 10 секунди на трепките, а непосредно после свиткувањето се става маскара. За посилно свиткување постојат свиткувачи на батерии кои работат на ист принцип како фигаро за коса. Ефектот е побрз и подобар.