Бидете убави со помош на бадем

од  |  0 коментари

Бадемот е богат со монозаситени масти, кои се слични на оние кои се наоѓаат во маслиновото масло.

Консумацијата на овие маснотии го намалуваат ризикот од срцевите заболувања, го намалува лошиот и го подобрува добриот холестерол во крвта, а се користи и како превенција од дијабетес.

Бадемот е одличен извор на белковини и содржи антиканцерогени материи.

Обилува со витамини Б3, Б2, Е, фолна киселина и минерали ( магнезиум, калциум, калиум, фосфор, цинк ). Калиумот и магнезиумот се многу битни за регулирање на крвниот притисок и работата на срцето, а бидејќи бадемот содржи витамин Е во големи количини има антиоксидативно делување и може да се каже дека е тоа здрава храна која извонредно му одговара на срцето. Одличен е за превенција на кардиоваскуларни заболувања. Богат е со рибофлафин ( витамин Б2 ) кој поттикнува производство на енергија во внатрешноста на клетките.

Околу 30 грама бадеми ги покрива дневните потреби на организмот за витамин Е, освен тоа бадемот содржи биотин кои благотворно делува на кожата. Бадемот се смета за најздраво јаткасто овошје. Според истражувањата, консумирање на ¼ шолја бадеми дневно може да го намали холестеролот за 4,4 %.

Маслото од бадем за кожа и коса

Ова чудотворно масло е незаобиколно за негата на сува кожа, затоа што и дава сјај и ја прави да биде мазна. Маслото од бадем е корисно и за косата, за нејзиното закрепнување, нега и сјај. На косата и дава сјај а и се покажало и како делотворно против првут. Исто така бадемовото масло може да го стопира опаѓањето на косата доколку редовно ја масирате. Се употребува и за масажа на мускулите кај болните воспаленија.

Бадемовото масло за лице

Измешајте мед со малку бадемово масло и полека масирајте го местото околу очите. Применувајте ја оваа терапија два пати во неделата, а по третманот лицето убаво измијте го со вода. Бадемовото масло може да се користи и за отстранување на шминката, па поред тоа маслото го освежува лицето.

Чување на бадемовото масло и својството на бадемот

Најсвеж, најблаг и најсочен е туку што собраниот бадем, а доколку долго седи се масти, се расипува и станува горчлив и не е повеќе за употреба. Најдобро е да се чува во фрижидер во цврсто затворени кесички и садови.

Бадемовото масло за грубите лакти

Лактите, кои се оштетени и суви би требало барем еднаш во неделата да ги масирате со маслото од бадем во кој имате додадено сок од лимон. Држете ги лактите 15 минути во садовите со маслото и лимонот.

Бадемот е извонредно богат со диететски влакна и се применува кај многу познати диети.

Науката има докажано дека суровите бадеми го забрзуваат метаболизмот и тоа за 56% го намалуваат нивото на вкупните телесни масти. Исто така консумацијата на бадемот го забрзува слабеењето дури за неверојатни 62%. Овој тест е спроведен помеѓу кандидатите кои дневно имаат внесувано во порцијата 23 сурови бадеми. Таа количина е сосема доволна и ги надоместува дневните потреби на протеини и незаситени масни киселини. Спаѓа во извонредно здрав меѓу оброк кој можете да го консумирате секојдневно.