Решете го проблемот на испукани усни

од  |  0 коментари

Секој кој барем еднаш во животот имал испукани усни, знае колку тоа го отежнува зборувањето, смеењето, џвакањето и бакнувањето. Усните можат да попукаат и поради дишењето на уста, кога е носот затнат, поради временските услови, ветерот … За која причина да станува збор, во неколку чекори можете да ги излекувате попуканите усни и да го спречите нивното повторно пукање.

Прв чекор

На усните во тенок слој нанесете балсам или вазелин. Добар избор се и маслата со витамин Е или гел од алое вера. Помасните производи добро ќе ги навлажат усните и не заборавајте да ги третирате неколку пати на ден.

Втор чекор

Контролирајте го јазикот! Не ги лижете усните, затоа што плунката може да ја исуши кожата.

Трет чекор

Пијте доста течности за да ја спречите дехидратацијата, која е една од причините за исушени усни. Препорачуваме чај или вода.

Четвртиот чекор

Доколку во просторијата во која што престојувате воздухот е премногу сув, би било добро да на радијаторот ставите сад со вода или влажен пешкир. Задолжително е просторијата да се проветрува.

Петтиот чекор

Пред спиење лесно масирајте ги усните. Земете меко четче за заби и со него со лесни и нежни движења поминувајте преку усните. Нека масажата трае околу пет минути, а кога ќе ги измиете усните, нанесете тенок слој на вазелин.

Шестиот чекор

Доколку користете кармин или сјај за усни, а често имате испукани усни, пред нивното нанесување нанесете балсам на усни кој на усните ќе им даде влажност. Некои жени се алергични на одредени состојки во карминот па е добро да направете адекватна заштита помеѓу карминот и усните.

Седмиот чекор

Престанете да пушите и избегнувајте да престојувате во зачадени простории! Чадот од цигарите ја исушува целата кожа, а посебно кожата на усните.

Осмиот чекор

Внимавајте на исхраната. Сувите и испукани усни можат да бидат знак дека на организмот му недостига витамин Б2. Зголемете го внесувањето на храната која е богата со тој витамин: зелен зеленчук, млечните производи и житарки.

Деветтиот чекор

Сменете ја пастата за заби. Пастите кои имаат состојки за борба против забниот камен ја исушува устата и усните.

Десеттиот чекор

Доколку сепак не можете да го решите проблемот со исушени усни и имате ранички, и тоа не само поради сите овие наведени причини, посетете го докторот.