Домашен пилинг од краставица за остранување на мртвите клетки од лицето

од  |  0 коментари

Природното секогаш е најдобро, затоа на нас е да ве едуцираме што е најдобро за вас и секако да ви понудиме прекрасни природни начини на кои можете вашата убавина да ја зачувате и одржувате подолго.

Денешниот рецепт за домашен пилинг или скраб го добив како инспирација откако дома немав никаков пилинг па експериментирав со советите кои ги прочитав на интернет и дојдов до денешниот рецепт кој совршено ја хидрира кожата и верувам на сите ќе ви се допадне.

Потребни состојки:
– 1/2 краставица
– 5 лажици масло
– 10 лажици шеќер во кристали
– 1 кива
skrabbbbb
Краставицата и кивата се лупат и блендираат додека не се добие хомогена до пасирана смеса.
Во еден пластичен контејнер се ставаат 2:1 шеќер:масло по ваш избор (кокосово, маслиново, бадемово, или масло од авокадо).
Во зависност од големината на садот во преостанатиот дел се додаваат краставицата и кивата.
Скработ се складира во фридижер и се користи до 1 недела.
Најдобро е да се користи навечен и наутро и по секое користење се препорачува лицето да се измие со млака вода.

Кои се ефектите?
Шеќерот нежно ја ексфолира кожата и ги остранува мртвите клетки, а маслото во комбинација со хидратирачката моќ на краставицата и овошните киселини од кивата креираат оптимален рецепт за нежна и сјајна кожа.