Направи сам: Хидратантен домашен сапун со овес

од  |  0 коментари

Потребни алатки :
– тенџере со подебело дно
– дрвена или силиконска спатула
– силиконски калап за торта

Потребни состојки:
– 5 големи бебешки сапуни ситно изрендани
– 10 лажици бадемово масло
– 1 чашка органски овесни снегулки
– 5 лажици сиров мед

homemade-oatmeal-soap-17
Подготовка: 

1. Процесот на креирање на сапунот се креира преку топење во тенџерето на средна температура
2.Првично се додава сапунот во тенџерето и константно се меша додека комплетно се стопи
3. Кога сапунот ќе се стопи додадете го бадемовото масло
4. Константно мешајте
5. Додајте ги преостанатите состојки
6. Додека е топол сапунот се истура во силиконскиот калап
7. Сапунот е потребно да се остави да се исуши комплетно неколку дена до една седмица
8. Сапунот се сече со рачна пиличка или долг нож за филети
9. Направените барови сапун се складираат вонајлонска фолија на ладно место

homemade-oatmeal-soap-8 homemade-oatmeal-soap-10
При секое користење сапунот поради подолго траење да се избриши со крпа.