Дубаи – екстравагантен град опседнат со постигнување на светски рекорди

од  |  0 коментари

Ние денес ќе ви прикажеме една сосема нова страна за Дубаи  од сосема друга и поинаква перспектива- ќе ви го прикажеме накратко Дубаи низ неговите постигнати 103 светски рекорди за Гинис.

Дубаи е дефинитивно место кое со сигурност нема да ви биде здодевно да  го посетите, баш напротив ќе сакате да го гледате и по стоти пат. Дубаи е познат по своите екстравагантни згради, најголемиот облакодер, најголемиот трговски центар во светот а може и да се пофали и со хотел со 7 звездички. Дубаи има опсесија  со кршење на светски рекорди која е толку позната, што поради истата причина отворена е канцеларија за Гинисови светски рекорди во 2013 година, а Дубаи може да се пофали со 103 светски рекорди.

Светските Гинисови рекорди ги вклучуваат: најголемата книга на светот (со големина од 5×8.06 метри, 429 страни  и тежина од 1500 килограми), највисоката зграда за живеење наречена Princess Tower (висока 413,4 метри), најголемата светлечка реклама во светот ( со знакот на компанијата Nissan Motor Co., LTD, со големина од 174.171 квадратни метри), најдолгата невозечка мрежа на метроа од околу 75 километри). Трговскиот центар Dubai Mall е најголемиот трговски центар во светот кој стои во сенка на највисоката зграда во светот  Burj Khalifa каде се наоѓаат познатиот Дубајски аквариум и подводна зоолошка градина кои го држат приматот а и се единствени во светот. Друг интересен рекорд кој треба да се напомене е дека Дубаи го држи приматот во најскапата трка на коњи во светот Dubai World Cup, го поседува  највисокиот хотел во светот JW Marriot Marquis, го има најголемиот аеродром во светот и најголемиот остров направен од човечка рака (Палмските острови).

Храната исто така е причина за правење на светски рекорди во Дубаи како најдолгата торта, најдолгата шведска маса и слично кои најчесто се прават за време на Дубаи шопинг фестивалот. Доколку некогаш сте на славење на  Новата година во Дубаи очекувајте го најголемиот огномет кој некогаш ќе го видете во својот живот  затоа што Дубаи во 2011 година го сруши светскиот рекорд на Кувајт за најголем огномет во светот.

Искусете ја грандиозноста, шармот и екстравагантноста на Дубаи која ја нема никаде на светот. Доколку ви ја заскокоткавме љубопитноста,  проверете ги  аранжманите за патување од Македонија до Дубаи кои ви ги нуди Ариес Травел и закажете си авантура која ќе ја паметите целиот живот.