Предлог најромантични места во светот за запросување

од  |  0 коментари

Вашата девојка /партнерка многу често воздивнува кога гледа запросувања на филмови или на популарни  YouTube  видеа? Време е вие да настапите во акција и да и приредите мини патување во некоја од следните понудени дестинации низ светот и да доживеете баш Филмско искуство.

За да биде запросувањето на вашата девојка најромантичното и уникатно искуство  кое долго ќе се памети и  вашите познаници ќе ви завидуваат за идејата, а другарките на вашата девојка само ќе воздивнуваат на изразувањето на вашата љубов и посветеност клекнете пред неа на едно колено и предложете го судбоносното прашање:- Дали ќе ме направиш најсреќниот маж на светот и ќе се омажиш за мене” во стил. Бидете сигурни дека ќе доживеете возбудливо и незаборавно животно искуство и секако таа ќе каже- “ДА, Да…..” и милион пати ДА.

Запросете ја во Истанбул за време на крстарење по Босфорот. Понесете со себе само прстен и големи надежи, и дозволете романтичните светла и ѕвездите под пространото небо на Истанбул да ви бидат најромантичните сојузници кои ќе ги понесете со себе. Шармот на местото и моментот под ѕвездено небо ќе го направат овој момент просто магичен зар не?

Bosphorus-By-Night-Jpg-2-F26e1e83

Санторини Грција – во некоја од познатите скриени вински пештери со прекрасен поглед , сами само вие и таа , окружени со ливчиња од црвена роза зар има што друго да се каже?

article-2699831-1FD683F200000578-873_964x643

Италија, на езерото Комо во стилот на James Bond  запросете ја љубовта на вашиот живот под најпознатото 200 годишно дрво кое стана славно по филмот за James Bond  -“Casino Royale”.Не би биле првите кои го направиле овој чекор, но би го направиле со стил, во James Bond  стил.

gardens-of-the-italian-lakes-4041

Навечер во Париз пред Ајфеловата кула, опкружени со светла и париска романтика , оваа класика е секогаш еден од најромантичните избори кој можете да го направите кога станува збор за Париз. Освен пред Ајфеловата кула можете истото да го направите во некој од хотелите во незина близина со шише Moet, но тоа би ве чинело малку поскапо.

pariz-1

Во Америка- На врвот на Empire State зградата во Њујорк, исто така голема класика кога станува збор за запросување во стил. Не би биле најуникатни но би биле најзаљубени кога ќе ја запросите на такво место со гаранција.

j10_00001761

И за крај најдоброто – Венеција. Што би било поромантично од возењето на гондола на сред Венеција и гласот на гондолиерот додека ви пее? А уште повеќе што е поромантично од посебната убавина која овој град ја крие низ неговата историја? Бидете и вие Ромео и Јулија но Ромео и Јулија со среќен почеток и крај и ставете и посебен печат на вашата љубов во Венеција.

Venice-lead_2680476b

Момци, не очајувајте и доколку не сте во можност да ја запросите на вакви спектакуларни места како предложените. Доколку не сте во можност да патувате заедно запросувањето можете да го направите да биде спектакуларно и магично и на првото место каде што се сретнавте или бакнавте за прв пат подарувајќи и 101 ружа и нормално убав веренички прстен, девојките ги сакаат деталите но и “дијамантите” (па и обичните).

А вие девојки каде би сакале да бидете запросени?