Спа -престолнина на Балканот -Велинград

од  |  0 коментари

Ако го пропуштивте летниот одмор или ако тоа не ви е доволно, односно ако сметате дека заслужувате уште малку уживање и релаксација  Вас ви го препорачуваме Велинград. Ние слушнавме, проверивме,  и се вративме релаксирани и задоволни.

Еве дел од нашите впечатоци:

Колку да знаете Велинград се наоѓа во Јужниот дел на Бугарија на само 130 километри од Софија и на 80 километри од вториот по големина град во Бугарија Пловдив. Ако тргнете од било кое место од Македонија  во раните утрински часови, во раните попладневни часови ќе уживате во убавините на Велинград. Велинград се наоѓа во прекрасната Чепинска котлина на надморска височина од 740 метри, меѓу планините Родопи и Рила. Велинград е најголемото и најпосетено балнеолошко одморалиште кое во 2009 година беше прогласно за Спа престолнина на Балканот.

Прекрасната природа богата со над  80 минерални извори од кои поголемиот дел се со лековито дејство. И се препорачуваат како за болните така и за здравите луѓе. Убавините на природата и божјите дарови се прекрасно искористени. Во Велинград има повеќе хотели, места за одмор и релаксација. Доколку сте на поминување можете да застанете да се напиете чај или кафе во пријатен амбиент и опкрувување релаксирани од секојдневните обврски, па и да искористите некој од многуте Спа центри кои ова чуденсно место ги нуди. Верувајте ни нема да згрешите! Климата е благо континтална. Велинград важи за еден од местата со најмалку облачни денови во текот на годината, па доколку сте љубител на убавото време синото небо и природа која го одзема здивот, тогаш вашата вистинска дестинација е Велинград.

Ако се прашувате што би можеле да правите во Велинград ќе ви кажеме најмалку 7 работи кои што навистина ќе ве воодушеват: постојат повеќе ресторани кои нудат исклучително добро мени од Бугарската традиционалана кујна. Имате можност за добра забава со ,,жива музика,,. Посетете го историскиот музејот,  не пропуштајте да ја посетите црквата ,,Св. Трифун,, , а доколку не прошетате низ паркот навистина многу ќе пропуштите. Можете да уживате во прекрасните водени површини,дишете го свежиот воздух и изберете една од илјадниците можности за уживање. Разговаравме со повеќе туристи и сите се спорат околу тоа кое е најдобро време за посета на Велинград еден вели лето друг есен трет зима, а она што ние сигурно го знаеме во било кое време од годината – секој момент поминат во Велинград е драгоцен!