Едноставен и ефикасен еликсир против стареење

од  |  0 коментари

Потрагата по најдобриот еликсир за забавување на процесот на стареење на кожата се чини дека е вечна. Оваа потрага обичните смртници ги направи фанатици по ботокс, пластични операции преку инвазивни хируршки третмани, хемиски пилинзи, филери, па и скапа козметика и долготрајни третмани во салони кои ветуваат драматично подмладување на лицето и кожата. Милиони жени и мажи се чини дека се повеќе финансии трошат  на третмани, кои многу ветуваат но ефектите најчесто не делуваат воопшто природно или воопшто ги нема.

Најбитно е да се согледа потенцијалот на природата и да се престане со инвазивни третмани и операции и инвазивната рака на времето да се запре баш на оној вистинскиот начин, здравиот и сосема природниот.

Многу луѓе се чувствуваат помладо во духот отколку што изгледаат, а други пак копнеат да се чувствуваат и да изгледаат така. Токсините во телото предизвикуваат предвремено стареење, со нивно отстранување се зголемува способноста кожата да дише, да се храни со повеќе кислород и да се чувствува посвежо, а вие повитално и поенергетски и поактивни и порасположени. Сетоа ова можете да го постигнете од овој добро испробан Кинески рецепт за долговечност.

Потребни состојки за еликсирот за младост ви се:

-2 изблендирани лимони

-100 мл рибино масло

-30 гр мелено семе од лен

-500 грама мед

-1 чешне изблендиран лук

Состојките убаво се соединуваат откако претходно поединечно се блендираат. По мешањето се складираат во тегла и се оставаат во фридижер. Содржината се конзумира најмногу три пати дневно по една мала кафена лажичка 30 минути пред јадење на празен стомак и докажано делува како еликсир, го подобрува физичкиот изглед на кожата, лицето, ја подобрува енергијата, го зајакнува имунитетот и според Кинезите е еликсир за младост.