Бебешка пудра- сојузник на убавината

од  |  0 коментари

Бебешката пудра не е наменета само за нежните и убави бебиња, таа може да се користи на многу различни начини во прилог на убавината за кои можеби досега не сте знаеле.

1. Бебешка пудра како основа за осигурување на долготрајност на шминката

Бебешката пудра  е совршен адут за повеќе трикови за убавина кои сите шминкери го користат. Кога нанесувате сенки за очи, а веќе сте нанеле пудра за лице, со четка за руж нанесете поголема количина на бебешка пудра под очите која ќе обезбеди брзо и лесно отстранување на малите честици од боја, а воедно ќе обезбеди и сигурност против бришење на коректорот под очите. Наместо тешки пудри во прав на лицето во областа на Т зоната нанесете бебешка пудра по течната пудра во замена на пудра во прав. За да не ви се брише карминот по моливчето и едниот слој на кармин натапкајте со четка за лице мала количина на пудра во прав.

pudra

2. Бебешка пудра како издолжувач на трепки

Пред да ставите маскара (максимално по два слоја) ставете малку бебешка пудра врз корените на вашите трепки, овој трик ќе ви овозможи добивање на погусти и визуелно подолги трепки секој пат кога ќе го ака користите.

trepki

3. Бебешка пудра како шампон без плакнење

Кога косата ви се измрсила, а немате време да ја измиете или повторно средувате испрскајте малку бебешка пудра врз корените на вашата коса и измасирајте нежно и исчешлајте глатко со чешел четка. Пудрата ги упива сите маснотии и косата ќе изгледа помалку мрсна и со повеќе волумен.

kosa

4. Бебешка пудра пред депилирање

Пред депилирање испрскајте бебешка пудра врз вашата кожа, тоа ќе овозможи подобро лепење на влакната врз восокот и помала иритација и сраснати влакна потоа.

depil

5. Бебешка пудра за препони кај лица кои џогираат

Лицата кои џогираат многу често се соочуваат со триење на областите околу внатрешноста на бутовите па затоа за да го избегнат подцнежното болно чувство и иритација, претходно е добро таа област да ја премачкаат со бебешка пудра.

6. Бебешка пудра против екстензивно потење

Бебешката пудра нанесена во областа на пазувите откако ќе се исуши слојот од дезодоранс, помага при редукција на мирисите, потењето а помага и при задржување на пријатниот мирис од дезодорансот многу подолго.

miska

7. Бебешка пудра за погусти веѓи

Нанесете малку бебешка пудра пред да ги цртате веѓите со моливче или да ги пополните со малку боја, како што тоа го прават славните модели.

vegi

8. Бебешка пудра за ладни и удобни прекривки во лето

Напрскајте ги вашите чаршафи во лето со бебешка пудра и спијте како бебе во ладни, удобни, свежи и миризливи чаршави и на екстремно високи температури без да ве буди топлината и потта.

9. Бебешка пудра против миризба на чевли

Посипете малку бебешка пудра во вашите чевли и ослободете се од габите и упорниот мирис.

cizmi