Едноставни вежби кои ќе ви помогнат полесно да ги поднесите високите потпетици

од  |  0 коментари

Тешко ги поднесувате штиклите? После целодневното  одење на високи потпетици неколку денови со ред,  неизмерно ве болат нозете?  Не дозволувајте тоа да се повтори.  Решеније за вашиот проблем се едноставни вежби!

Научниците велат дека постојаното  носење на потпетици за период од три години може да се направи  многу штета на зглобовите и мускулите на нозете, така што препорачуваат специфични вежби за нивно зајакнување.

download

Водачот на студијата од Универзитетот Hanseo во Јужна Кореја  Jong-Seok  Ji  тврди дека љубителките на високи потпетици можат да ги зајакнат своите мускули и на тој начин да се борат против деформацијата на стапалата предизвикано од секојдневното носење на чевли со високи потпетици  и го зголемува ризикот од повреда и истегнување на зглобовите.

Истражувањето вклучило 40 жени кој поради работата морале да носат високи потпетици од 10 cm и повеќе, минимално три пати во седмицата.   Истражувачите прателе што се случува со мускулите и дошле до заклучок дека два од четирите  мускули почнуваат да доминираат па затоа жените лесно ја губат својата  рамнотежа при одење на високи потпетици.

b9361c752b0da7a9193c6322d5431856_large

Главниот истражувач на International Journal of Clinical Practice објасни дека на почетокот се добива ефект на зајакнување на зглобовите, но со тек на времето тие во суштина слабеат и поради тоа жените лесно ја губат рамнотежата додека се на високи потпетици. Исходот на крајот се само поголемите шанси за повреда.

За да се спречи повреда,  деформирање на стапала  и болки во грбот, може да се превземат превентивни мерки. Пред се Ji објаснува дека треба да се постигне рамнотежа помеѓу чевлите со високи потпетици и чевлите со ниски потпетици, но може да помогнат  и некои вежби, една од нив е и вежбање со пешкир така што ќе го поставите на под и со прстите на нозете ќе го кревате и спуштате, како да го гужвате. Исто така можете со боси нозе на одете на петици или пак во седечка позиција да ги кревате и спуштате прстите од подот. На овој начин можете сами себе да си помогнете.

Извор: prvars