Нова колекција на чевли -лето 2015

од  |  0 коментари

Се прашувате ли какви се модните трендови кога станува збор за летни женски обувки и потпетици за оваа 2015? Денес ќе ви дадеме краток осврт на она што ќе биде во тренд за ова лето.

1. Ремчиња
Ремчињата се огромен тренд и кај рамните чевли,чевлите со висока потпетица, апостолките, римјанките, па и чевлите на плута. Без разлика каков модел и да преферирате кога ќе изберете ремчиња нема да направите погрешен избор!

чевли 1 Наташа

чевли 2

2. Модерни апостолки/сандали
Оваа сезона стандардните сандали нема да излезат од мода, меѓутоа ќе се видоизменат.
Доколку сте љубителки на едноставни влечки, едноставноста оваа сезона е надвор од мода, затоа не барајте изговори и купете си еден пар неконвенционални влечки кои ќе можете да ги искомбинирате и со омилениот пар искинати фармерки, но и фустан и да изгледате шик и на сандали (колку и чудно и да звучи).
РАМНИ

 

3. Чевли на плута
Чевлите на плута се чини дека стануваат неизоставен дел од секоја летна сезона. Оваа сезона малку пософистицирани помодерни, ретро чевлите на плута блеснуваат повторно во ново руво.
ПЛУТАПЛУТА

4. Еспадрили
Еспадрилите како и минатата сезона се casual варијанта за секој ден, за секоја жена на секоја возраст.
Оваа сезона изберете еспадрили во смел дезен и бои и искомбинирајте ги со неутрална облека или фустан и ќе добиете супер комбинација за на плажа, за ден со пријателките низ град, за прошетка на вашето детенце или пак за прошетка со саканиот…еспадрилите влегуваат во секоја можна опуштена дневна комбинација
.
ЕСПАДРИЛИ
5. Спортски обувки за лето 2015
Во лето патиките често се категорија која заостанува за препостанатите сезони, меѓутоа доколку често се движите, џогирате или пак сакате да се облечете удобно во малку поладните денови изберете од патиките кои се модерни за оваа сезона…
ЕСПАДРИЛИќеееИ за крај високи потпетици – неизоставливиот избор на секоја вистинска дама!

вис