Едноставни вистини: два столба на менталното здравје

од  |  0 коментари

Текст на : Небојша Јовановиќ
Овој текст е дел од низата на авторски текстови под назив „Jednostavne istine“ (Едноставни вистини)

” Познавањето и прифаќањето на едноставните животни вистини се основи на емоционална зрелост и ментално здравје. 
…………………………………………………………
Два столба на менталното здравје

Се што научив за менталното здравје би може да го сведам на два носечки столба
– Ориентација да се живее на своја сметка а не на туѓа
– Ориентација кон вистината а не кон лагата

Емоционалната зрелост почива на овие два столба, а сите видови на емоционални проблеми извираат од недостатокот на овие столбови на идентитет и интегритет. Првиот столб во психоанализата се нарекува сепарација и индивидуализација, а вториот тестирање на реалноста и нарцизам.
Сите се раѓаме како паразити и егоцентрични битиа. Созревањето се состои во надминување на овие две тенденции. Детскиот егоцентризам и нарцизам се ориентираат кон реалноста и зрелоto и реалистично самопочитување. На децата оваа ориентација одлично им стои затоа што се мали, слатки и незрели.овие тенденции кај возрасните се основа на психопатологијата. Ако не се развиваме во смер на индивидуaлноста , ќе бидеме ориентирани кон манипулација, искористување на другите, кон игри на моќ, зависности…
Ако не ја развиеме ориентацијата кон вистината, зрелото вреднување на себе си и на другите, ќе останеме ориентирани на градење на лажен имиџ, нарцистички лаги.

Едноставната вистина гласи: ако сакаш да си ментално здрав не лажи и не ги искористувај другите (ниту себе). Што повеќе се оддалечуваш од овие едноставни вистини ќе бидеш подалеку од реалноста.