Театралност- добра или лоша особина?

од  |  0 коментари

Некои луѓе во секојдневната комуникација се однесуваат како лоши глумци. Без разлика на темата на која разговараат тоа го прават пренагласено. Нивните реченици често содржат безброј претерани и пренагласени зборови, сликовити епитети, некогаш прегласно зборуваат а многу често на своите соговорници им претставуваат и свое емотивно доживување во склопот на приказната која ја раскажуваат.

Причината поради која некој комуницира на овој начин е тоа што сака на соговорникот да му остави впечаток и да го импресионира. Називот доаѓа со начинот на однесување како да се на сцена пред публика и театар,прикажувајќи емоции кои ги немаат или ги немаат толку изразени како што ги претставуваат пред другите.

Зошто на овие луѓе им е важно постојано да ги импресионираат другите?
Психолошкиот проблем кој често но не и секогаш се наоѓа во сржта на театралноста е тоа што личноста себе си и своето изразување го доживува како недоволно важно за другите па поради тоа мисли дека за соговорниците е недоволно интересна и досадна. Поради ова несвесно таа личност го засилува тонот со цел да и биде обрнато внимание.
Луѓето кои театрално се изразуваат често на другите им емитираат емоции дека нешто важно им се случува или дека им се случило. Типичната реакција на соговорникот кој емотивно комуницира е зајакнување на вниманието на нештото за кое лицето зборува. Кога луѓето сфаќаат дека личноста на емотивен начин зборува за потполно неважни работи, тривијалности, започнуваат да се чувствуваат и непријатно како да се измамени од емоциите на личноста и се повлекуваат од комуникацијата.
Кога личноста која театрално комуницира забележи дека соговорникот помалку ја слуша и не обрнува внимание, таа го засилува својот сигнал со цел повторно да го заинтересира за својата приказна. Доколку успее во тоа, таа накратко добива потврда за своите лични вредности.
Заради тоа што интензивно комуницираат, имајќи потреба од постојано и комплетно внимание на соговорникот, театралните луѓе често се доживуваат на негативен начин и често другите ги избегнуваат. Така само потврдуваат дека нивната ниска самодоверба ја зголемува потребата за театрално изразување и импресионирање на другите.
Изворот на театралното однесување е она внатрешно дете кое во детството не знаело како на друг начин да биде прифатено и забележано во семејството или групата на врсници.

Кога луѓето ќе научат дека вниманието и прифаќањето од другите не е ист поим, кога прифаќањето не е потврдување на личните вредности прекинува и нивната потреба за театралност.

Автор: Др. Зоран Миливојевиќ