Зошто изневеруваме? Зошто среќните луѓе изневеруваат? Кога ќе споменеме неверство – на што тогаш мислиме?

од  |  0 коментари

Зошто изневеруваме? Зошто среќните луѓе изневеруваат?
Кога ќе споменеме неверство – на што тогаш мислиме? Дали станува збор за флертување,платен секс, разговор на Интернет…? Зошто сметаме дека мажите изневеруваат од досада и страв од интимност, а жените изневеруваат поради осаменост и потреба за интимност?

Дали аферата секогаш значи и крај на една врска?

Во секоја врска постои еден едноставен престап кој може да го одземе чувството за идентитет, среќа и доверба во една врска –тоа е аферата. Неверството постои од самото постоење на брачните врски, а од тогаш постојат и табуата против него.
Како да се помириме со нешто толку универзално забрането а станало универзална практика?
Историски гледано, мажите секогаш ја имале ‘’дозволата да изневеруваат’’, со мали последици со поткрепа од одредени биолошки и еволутивни оправдувања на потребата да ‘’лутаат наоколу’’.
Двојните стандарди за неверството стари се колку и самото неверство.

Мажите чувствуваат притисок да покажуваат и да се гордеат со ваквиот акт, додека жените чувствуваат притисок да се прикриваат, минимизираат и да се кријат.

Каква е врската помеѓу моногамијата и љубовта?
Порано сексот доаѓаше по бракот, а во денешното модерно време сексот со други партнери завршува кога се стапува во брак.

Марсел Пруст кажал дека ” нашата имагинација е одговорна за тоа што изневеруваме, не другата личност”- никогаш не било полесно да се изневерува, а во исто време и потешко да се скрие таа тајна.
Кога бракот беше заснован врз финансиска стабилност, неверството ја нарушуваше економска стабилност, а денес кога бракот е романтичен договор неверството е закана за нашата емоционална сигурност.
Порано неверството било поттикнато од потребата да се побара чиста љубов надвор од бракот, а сега кога бараме љубов во бракот, неверството делува разорно.

Секој од нас има во себе креирана слика- романтичниот идеал за исполнување на непрекината листа на потреби, партнерот да биде наш најдобриот пријател, сопатник, љубовник, лице од доверба, интелектуален партнер еднаков на нас, совршен родител, а притоа паралелно на тоа за себе да имаме слика дека сме уникатни, вредни и незаменливи.

Поради таа причина, порано неверството предизвикувало болка, а денес  таа е трауматично искуство  затоа што влијае врз губење на чувството за идентитет.

”Дали можам да му верувам на партнерот по неверство?
Дали можам да верувам во било кој друг партнер во иднина?”

Неверството, злоупотребата на довербата често предизвикуваат криза на идентитетот.
Живееме во ера кoгa сметаме дека имаме право да сме среќни, и доколку порано разводите се случуваа  поради тоа што не бевме среќни во своите врски, денес се случуваат затоа што сметаме дека сме можеле да бидеме посреќни. Порано разводот бил причина за чувство на срам, денес да изберете да останете во една врска е новиот срам.

Најчестата претпоставка кога некој изневерува е дека нешто не е во ред со врската, или дека нешто не е во ред со партнерот кој е изневеруван, но милиони луѓе не може да изневеруваат патолошки како што тоа денес се случува во светот. Логиката која често ја слушаме зад овие ставови е дека доколку имаме се што ни е потребно дома, нема потреба да го бараме на друго место.

Зошто среќните луѓе изневеруваат?
Често постои конфликт помеѓу вредностите и однесувањето,  луѓето кои биле моногамни целиот свој живот  еден ден може да  ја преминат границата и да се соочат со ризик да изгубат се.

Аферите се израз  на не изразените желби и загубата. Во срцето на аферата се наоѓа желба за автономија, слобода, емоционална поврзаност, за сексуален интензитет, емоционална слобода, желба за да се чувствуваме витални, за помирување со загуба и полесно справување со лична трагедија .

Често луѓето кои изневеруваат со самиот чин се чувствуваат повторно живи. Смртта и смртноста се наоѓаат во центарот на неверството, често се прашуваме ”дали ова е се”,” дали сакам следните 20 години од животот да ги поминaм вака ?”
Колку чудно и да звучи, аферите не се фокусирани на сексот, туку на исполнување на желбата и потребите (потребата за внимание, важност….)

”Тоа што не можеме да го имаме во бракот/врската често е желбата од која потекнува и потребата за афера”.

Како да се справиме со изневерување?
Иневерувањето несомнено остава длабоки траги врз партнерите но и врз самата врска.
Дел од аферите се само поттик за напуштање на веќе нефункционален брак, но во поголемиот дел од браковите тие отвораат нови можности и се показатели за промените кои е потребно да настанат во бракот.

Кога аферата се разоткрива често ”status-quo” позицијата на другиот партнер се менува.
Кај траумите заздравувањето настанува во моментот кога оној кој ја поттикнал траумата го признава своето дело. Во ваквите случаи, изневерениот парнер потребно е да ја не заборави на сопствената вредност, да се опколи со пријатели активности и повторно да ја врати смислата за среќа и личен идентитет.

Доколку партнерот го прашувате постојано за местата, деновите и видот на врската кој го имал со лицето со кое ја имал аферата ќе се чувствувате само полошо.

Тогаш кои прашања ќе ви дадат помирен сон?
Значењето и мотивот за аферата, чувството на парнерот во врската и надвор од неа се дел од прашањата кои се важни и за кои е потребно да го знаете одговорот.

Кој е ”виновникот” за аферата?
Сексуалното изневерување е само еден од начините со кои можеме да го изневериме партнерот, другите начини вклучуваат насилство во домот,  запоставување,  презир, рамнодушност од парнерот…
Што можеме да заклучиме?
Жртвата на аферата не е секогаш жртва во бракот!

Аферата во согласност со се она погоре кажано може да ја погледнеме од две перспективи :
1. како причина за болка и изневерување
2. како причина за раст и само откривање

Превземено од говорот на Ester Perel, терапевт за врски
Извор: TED.COM