”Инстант лифтинг” домашна маска за лице

од  |  0 коментари

Се прашувате што на краток рок би го потхранило и затегнало вашето лице?
Ви препорачуваме маска за лице со кафе.
Кафето е богато со антионсиданси и здрави киселини кои делуваат благотворно на кожата.
За да ја подготвите оваа маска потребни ви се:

– 2 лажици кафе
– 1 лажицајогурт
– 1 лажица мед

Состојките измешајте ги заедно, доколку конзистенцијата е потечна ставете дополнително уште кафе се додека не се доббие смеса во форма на паста која нема да се разлее од вашето лице.
На претходно измиено лице со млака вода со спатула или лажица нанесете од маската и оставете да дејствува околу 30 минути се додека не почувствувате дека ви го затегнува лицето.
Исчистете ја со раце смесата и измијте го лицето со млака па потоа и ладна вода без да користите сапун.

На лицето додадете само хидратантен крем.
Ќе почуствувате дека ви е затегнато, посјајно и освежено поради ефектот на кафето.