Евтино разубавување – Египетска депилација
Египетската депилација е се повеќе популарна поради незината едноставност и делотворност. Можете да ја применувате дома, користејќи ги состојките кои веќе ги имате.
Депилација со шеќерна паста, која е 100 % природна, без додатоци на конзерванс, практикуваше Клеопатра. Во прашање е природната смеса на шеќер и лимон. По правило, нема реакција, што овој тип на депилација е прави посебно привлечна. Со ова смеса се постапува слично како со восок, но сепак постојат некои разлики, кои пред се имаат за последица намалување на болката. Паста се нанесува млака, така да се препорачува и на личности со проширени вени и луѓе кои се склони на пукање на капиларите.
Како да ја направите смесата?
Измешајте ги следните состојки:
400 грама шеќер
60 милилитри сок од исцеден лимон
60 милилитри вода
Измешајте ја смесата во поголем сад со рачка и на тивок оган загревајте до температура од преку 100 степени Целзиус. Тргнете го садот со смесата од оган и кога доволно ќе се олади, префрлете ја смесата во керамичкиот сад. Додека смесата се лади, можете да ги исечете траките. Значи потребна Ви е памучната ткаенина која ќе ја исечете во траки со широчина околу 2 центиметри. Најбитно е смесата да се олади доволно за да не се изгорите. Доколку со прст проверувате дали е смесата доволно ладна, сетете се дека се Вашите интимни делови од телото повеќе осетливи од прстот или дланката. Кога смесата доволно ќе се олади, користете тап нож, стапче од сладолед или било што, што е со сличен облик. Нанесете ја смесата на кожата и прекријте со памучните траки и оставете така неколку минути. Повлечете брзо во насоката во која што растат влакната како да го вадете фластерот. Уживајте во мазната и глатка кожа која таква ќе Ви остани до следните две недели.