Краток курс за совршено фенирана коса

од  |  0 коментари

Две важни работи за успешни фенрање се: четка и фен. Четка мора да биде квалитетна и да одговара на типот и квалитетот на косата, а незината дебелината зави од должината на косата. За кратка коса користете четка со пречник од два до пет центиметри, за средна од пет до седум, а за долга од седум до десет сантиметри. Фенот мора да биде со јака издувна снага, но и да има можност за подесување на јачина и топлина на воздухот.

Исфенирајте се на рамно – за да се исфенирате на рамно најдобро е да користете со четка од коњска и свињска длака и најлон. Ваквата четка ја влечи и исправува влакното и одлично е за виткана коса, и коса која тешко се смирува. За работа со неа треба имате сила и вештина, па не очекувајте  фенирањето да Ви успее од прва.

Направете убави локни – метална тркалезна четка се прави од алуминиум и обложена е со слоеви керамика, благодарение со што задржува големо количество на топлина од фенот. Со неа се измазнува влакното, па косата фенирана со таква четка добива сјај и волумен. Служи за виткање и правење на локни.

Четка рибина коска – ова четка е Британски изум, а во таа земја и ден денес се фенираат исклучиво со неа. Кај нас се користи после фенирањето, за расчешлување и измазнување на косата, како и за фин завршен ефект. Со неа косата на врвовите и во коренот се насочува во посакуваната насока. Освен тоа, доколку имате кратка не бојадисана коса, за фенирање ќе Ви биде доволно само ова четка. Поминете со неа низ косата во саканата насока, пратете го праменот со фенот, и тоа е се.