Факти и неколку едноставни трикови против ‘рчењето.

од  |  0 коментари

Пак тоа досадно ‘рчење. Поминавте уште една непроспана ноќ благодарение на вашиот партнер,цимер, или некој друг што спие во ваша близина и едноставно ви е дојдено преку глава од тоа проклето ‘рчење. На секој од нас му се случува да ‘рчи повремено,но доколку тоа се случува често,може негативно да влијае на квалитетот и квантитетот на вашиот сон, а и на околината. ‘Рчењето може да го наруши спиењето,па следниот ден да се чувствувате раздразливо,уморно и ненаспано. Исто така ‘рчењето често знае да предизвика проблеми помеѓу љубовните партнери.

Она што е важно да се знае е дека не секое ‘рчење е исто  и предизвикано од исти причини. Една од причините заради кои некои луѓе ‘рчат е вишокот на ткиво во носот и грлото. Исто така, позицијата на јазикот во текот на ноќта, може да предизвика ‘рчење. Имено, кај некои луѓе јазикот се повлекува во грлениот отвор во текот на ноќта, со што доаѓа до попречување на протокот на воздух и се создава непријатен звук.

url

Возраста е исто така фактор кој влијае на ‘рчењето, бидејќи со зголемување на бројот на годините, отворот на грлото се стеснува, а мускулниот тонус се намалува.

Мажите имаат вродено потесен грлен отвор, па затоа и почесто ‘рчат.

Еве неколку едноставни трикови кои ќе ви помогнат брзо и ефикасно можат да го решат овој иритантен проблем:

  • Промена на перница– За да го спречите ‘рчењето потребно е да ги ослободите дишните канали.Тоа наједноставно ќе го направите со помош на перницата.Спијте на многу ниска перница или пак висока перница.И двете позиции ќе ви овозможат да дишете без проблем,а со тоа и да престанете да ‘рчите.
  • Променете ја позицијата на спиење-Претежно ‘рчењето се случува само кога лежите на грб бидејќи вашиот јазик запаѓа наназад и го зголемува отпорот на воздухот. Ако имате ваков проблем, спиењето на страна може да помогне. Исто така помага ако ја поставите главата повисоко од телото за 10 см.
  • Ослабнете за 10% од вашата телесна тежина-Луѓето со прекумерна телесна тежина имаат подебел и поригиден врат кој го зголемува ризикот од ‘рчење. Ако имате вишок килограми, намалувањето за само 10% од телесната тежина може да ви помогне да прекинете со ‘рчењето.
  • Избегнувајте алкохол и седативи-Сè што предизвикува седација како на пример таблетките за спиење или алкохолот, може да предизвика и ‘рчење, затоа што тие имаат тенденција да го супресираат дишењето. Ако ‘рчите зошто сте се напиле алкохол или сте земале седативи за спиење, прекинете ги.

images

  • Одржувајте го воздухот во спалната соба влажен.Користете освежувач за воздух. Сувиот воздух може да ги иритира носните и мембраните на грлото.
  • Менувајте ги почесто навлаките на перниците. Алергенсите што се таложат во перницата може да придонесат за ‘рчењето. Проветрувајте ги перниците почесто и чувајте ги милениците надвор од спалната соба.
  • Мед-Лажичка мед пред спиење е здраво за вашето грло и воедно може да помогне при проблемите со дишењето,кашлањето,но и со ‘рчењето.

Во случај на тешко и гласно ‘рчење, гушење и засркнување, будење со главоболка и тешкотии при концентрација, посетете доктор.