Како правилно да ја започнете работната седмица?

од  |  0 коментари

-Дознајте што се успешните луѓе прават Понеделник на утро.

Првите неколку работни часови во Понеделник наутро знаат да бидат најкритични. Затоа денес одвоивме неколку совети како правилно да ја започнете работната недела. Многу бројни деловни луѓе,најчесто оние најуспешните, свесни за типичниот Понеделник, неговата динамика,односно се она што доаѓа со самиот почеток на работната недела. А тоа најчесто се непредвидени задачи, дополнителен стрес…односно најдобро тоа се  опишува како ,,општ хаос”.

Поради сите тие причини, успешните луѓе ја започниваат работната недела на малку поинаков начин од останатите. За многумина можеби чуден но навистина ефикасен!

Издвојуваме неколку детали што се успешните луѓе прават Понеделник наутро:

Се будат рано и вежбаат

,,Разбудување” на циркулацијата- не само што се грижат за своето здравје,  туку едноставно енергично и  продуктивно ја започнуваат седмицата што е пред нив.

Доручкуваат здраво

Понеделничкото утро е едно од оние кога успешните луѓе сакаат да решат се што е во нивна моќ, а доручекот се разбира е составен дел за идеален енергичен почеток на работната недела.

image

Доаѓаат на работа порано

Со тоа што стануваат порано и порано доаѓаат на работа, тие постигнуваат нивното понеделничко работно утро повеќе да наликува на обично попладне,а не на стресен почеток на работната седмица. Така што имаат на располагање повеќе време кое што го посветуваат на организација и лесен наместо стресен  почеток на работната недела.

 Silver modern clock showing 9 o'clock isolated on white background.

Нивното работно биро секогаш е уредно

Организацијата на работниот простор, работните задачи и поставувањето на приоритети во работата ја олеснуваат работата и го смалуваат стресот.

Го очекуваат не-очекуваното

Почетокот на работната седмица најчесто е и најтежок бидејќи тогаш сакаме да сработиме се она што ни е заостанато, а после викенд и одмор, многумина сакаат што поскоро да ги завршат тие заостанати  обврски, па веднаш се,, фрлаат” во акција, па потоа обично следат оние неочекувани рани повици.. Токму поради тоа Понеделникот е  ден кога се можи да се случи. А успешниот човек го очекува и неочекуваното, и така го смалува   стресот.

457998107

Спроведува единство

Многу е важно да ги подржуват своите соработници така што секое утро ќе го одржува моралот на високо ниво, а воедно и чувството на единство. Но Понеделник наутро тоа е посебно важно затоа што тогаш на секој работник им е најпотребен поттикот.

Ги ажурираат обврските и целите

Успешните луѓе често ги ажурираат работните приоритети и задачи. Дополнително си ја олеснуваат работната недела така што си поставуваат неколку цели за текот на седмицата.

Ги визуелизираат успесите

Визуелизацијата на позитивниот исход од разните тековни  проекти им  помага за постигнување на саканиот резултат.

success-person

Борбата со тешките предизвици им е секогаш приоритет

Најнепосакуваните или најтешките задачи секогаш е најлесно е да се одложат, но доколку имате во предвид дека работната енергија најјака е наутро, успешни поединци токму со тие задачи преферираат да се справат на почеток на работниот ден.

Остануваат фокусирани

Успешните луѓе не го трошат залудно своето време, и не размислуваат за тешки и неуспешни задачи кои се случуваат во текот на работната недела. Таквите задачи тие ги оддлелуваат од оние актуелните и успешните.

Свесни се дека постои и Вторник

Тие се свесни дека целиот хаос не завршува во Понеделник, и дека проблемите кои се актуелни во понеделник,не можат да се решат туку така. Но затоа секогаш постои нареден ден.