Факти околу свадбите, суеверија и традиции ширум светот кои не сте ги знаеле

од  |  0 коментари

 

Што е за добра, а што е за лоша среќа

1. Невести, ставете коцка шеќер во својата ракавица, во согласност со Грчката култура шеќерот ќе ја ублажи вашата заедница и ќе ве направи посреќни.

2. Англичаните веруваат дека доколку невестата пронајде пајак во својот невестински фустан, тоа е знак за добра среќа!

3.Во Англиската традиција, Среда се смета дека е најдобриот ден за среќа, Понеделник за богатство и бериќет во домот ,а Вторник ден за здравје.

4. Зетот треба да ја пренесе невестата во своите раце преку заедничкиот куќен праг за да ја заштити од лошите духови и зборови помеѓу нив.

5. Сабота е најнесреќниот ден за свадба по Англиската траиција, а тоа е спротивно во останатите традиции , за тоа што статистички гледано, Сабота е најпопуларниот ден за свадби низ светот.

6. Античките Римјани ги проучувале претходно внатрешните црева на прасе за да детерминираат на паровите кој ден им е најсреќен за да се венчаат.

7.Во согласност со Хинду традицијата, дожд на денот на свадбата се смета дека е знак за добра среќа.

8. За добра среќа, Египјанските жени ја штипат невестата на незиниот свадбен ден…!

9. Сребро во градникот на невестата штити од лоши луѓе и разделби.

10. Во Чешка наместо со ориз се фрла со грашок.

11. Во Шведска, невестата во едниот чевел става сребрена паричка која ја добива од својот татко, а во другиот златна паричка која ја добива од својата мајка за да има среќен и долг брак.

12. Во Финска невестата оди од врата на врата за да собира дарови во навлака од перница , придружувана од постар повозрасен маж кој претставува долговечност на бракот

13.Маоканските невести пред свадбата се бањаат во млеко за да се исчистат од сите лоши духови пред свадбената церемонија.
14. Во Холандија, се сади бор пред куќата на нововенчаните како симбол за плодност и добра среќа.

Околу венчалните прстени

15. Свадбените и вереничките прстени се носат на четвртиот прст на левата рака затоа што се смета дека вената на прстот води директно до срцето.

16. Околу 70% од сите невести сакаат прстен со еден дијамант/камен.

17.Вереничкиот прстен со дијамант постанал славен откако богатите Венецијански трговци го наметнале како тренд кон крајот на 15 век.

18.Вереничкиот прстен со бисер се смета дека носи лоша среќа затоа што неговата форма наликува на форма на солза.

19.Се смта дека најстариот веренички прстен во историјата го носела  Принцезата Mary, ќерката на Henry VIII која била две години во периодот.

Невестински фустан

20. Кралицата Victoria ја започнала традицијата на носење на бел фустан за свадба, додека пак преостанатите невести дотогаш на свадбата го носеле својот најубав фустан.

21.Античките Грци и Римјани сметале дека велот ја заштитувал невестата од лоши духови, затоа невестите започнале со носење на велови од тогаш до сега.

22. На својата венчавка принцезата Grace Kelly  носела фустан направен од чипка стара 125 години.

23. Во Данска невестите и зетовите си ги облекуваат /разменуваат своите алишта за да ги збунат лошите духови а доколку младата сестра се омажи побрзо од својот постар брат/сестра , постариот брат/сестра мора да игра бос/боса на свадбата за да не ризикува никогаш да не најде сопруг/сопруга.

24.Стара легенда кажува дека слободните жени ќе ги сонуваат своите идни сопрузи доколку преспијат врз парче невестинска торпа топд својата перница.

25. Невестинскиот фустан не се купува во Петок (кај Англичанките)

26. Лоша среќа е да го продадете вашиот невестински фустан, а за добра среќа е да го подарите.