Тема Мезе бар- место за вистинска релаксација и уживање

од  |  0 коментари

Мезе и lounge баровите во нашата држава доживуваат момент на вистинска популарност и подем.
Покрај тоа што се место каде вистински можете да се опуштите со вкусна храна и пијалаци, воедно можете да уживате во урбана и модерна музика и опуштена атмосфера.
Овие места се одлични за дневна релаксација со кафе, или пак освежувачка салата или сладолед. Одлични се за ручек со пријателите, деловен состанок во опуштена атмосфера или пак вечерно излегување во налик на светските метрополи, пропратено со модерна музика и модерни млади луѓе кои уживаат во добрата забава и храна.
1 тема
Дали размислувате кое место да го посетите овој викенд?

Наш предлог е овој продолжен викенд да прошетате по Битолскиот Широк Сокак и да издвоите време за посета на Тема мезе бар, одлично место за забава и дружење лоцирано во центарот на Битола.
Вдахнете и вие малку од култниот Битолски дух во Тема, местото на сите теми и случувања во градот.

2 тема
Тема мезе бар е единствено место во Битола кое секоја недела излегува со новитети и одлични понуди за своите посетители. Вистинско место каде можете во одлична атмосфера да ги проследите актуелните фудбалски натпревари и различни спортски настани и воедно да добиете  екстра понуди за освежување со Скопско и голема пица за друштво по најдобри цени,  а во текот на работната недела за цената за  кафе да добиете и бесплатен Cheesecake….
Вечерните часови за време на викендот се вистинско време за комплетно уживање во Тема. Секој викенд е резервиран за одлична музика од најразлични Dj-и, бендови како и Unplugged свирки…

гро

2 гр

Звучи примамливо зарем не?
Тимот на Живот и Стил на покана од Тема во локалот  ги дегустираше повеќето од нивните вкусни специјалитети и дојде до заклучок дека….не би издвоиле ништо над останатите специјалитети, затоа што секој дегустиран оброк беше посебно вкусен и одличен! Услугата им е сосема коректна, брза, а храната со висок квалитет. Особено бевме импресионирани од изгледот на целиот локал и вниманието посветено на целокупната декорација што оддава изглед на топло место направено со многу љубов и внимание.
Менијата – УНИКАТНИ, со одличен дизајн изгравирани врз дрвена даска во склоп со целиот амбиент на локалот.
Можеме да се пофалиме дека особено уживавме во вкусното топено сирење и пици во комбинација со ладно пиво и освежителни пијалоци, а цената на крај беше она што најмногу ни се допадна- сосема пристапна, а за истата добивмемногу повеќе од очекуваното, а за вкусот и атмосферата можеме да кажеме само пофални зборови.

Кога избирате место во Битола- иберете место со стил и место каде вистински ќе уживате, а тоа со драго срце изјавуваме дека е Тема!

Имајте Тема за нареден повод во Тема мезе бар.

Мезе бар Тема е активна и на социјалните медуими, па затоа активно можете да ги следите нивните дневни, викенд и неделни понуди, како и викенд агенди и свирки на нивната ФАН СТРАНА.