Фасцинантни факти за тоа како боите делуваат на вашето расположение

од  |  0 коментари

Боите играат важна улога во дизајнот на ентериерот. Можеме да креираме уникатна атмосфера во секоја соба од домот едноставно со користење на различни бои и дезени. Тешко е да се поверува, но верувајте дека различните нацрти или тапети на ѕидот и тоа како може да не развеселат, да ни помогнат да се релаксираме, или да не мотивираат.

Ние одлучивме да споделиме со вас неколку совети кои ќе ви помогнат да ја изберете вистинската шема на бои и дезени за вашиот дом, која истовремено ќе биде практична и во иднина ќе може без никаков проблем да се редекорира и преуредува.

Црна

Црната е многу моќна боја, која е секако неверојатно едноставна но и елегантна. Сигурно дека е премногу темна за спална соба или за дневна, но затоа пак е одличен избор за канцеларија ако ја имате во домот. Не заборавајте, да додадете некои елементи со светла боја со која ќе постигнете контраст и ќе ја оживеете таа соба.

Бела

Белата е исклучителна боја која смирува и по малку е резервирана. Нема да одговара за вибрантен простор во кој сакате да има некаков ефект. Но се разбира ќе биде перфектна за едноставна, чиста и релаксирачка атмосфера.

Виолетова

Доволно чудно, виолетовата боја ја зголемува сексуалната желба. Затоа, таа е идеална за во спалната соба. Виолетовата боја оди добро со модерни ентериери, особено во комбинација со сива боја.

Сина

Сината боја се смета за кул боја која е поврзана со воздухот и водата, па затоа почесто ја има во бањата. Нежните дезени со нијанси на сино или морнарскиот стил интересно ќе изгледаат во спалната соба. Тиркизната (иако не е многу сина) изгледа навистина прекрасно во комбинација со бело.

Зелена

Многу малку бои може да се натпреваруваат во свежина и живост со зелената. Оваа боја е исклучително смирувачка и релаксирачка. Слободно искористете ја за дневна или спална соба.

Кафеава

Кафеавата боја е перфектна за креирање едноставна и природна атмосфера. Таа е топла, пријатна. Без неа не можете да постигнете рустичен стил. Мажите особено ја сакаат зошто им дава сигурност, мир и чувство на удобност.

Црвена

Нема сомнение дека црвената е боја на страста и енергијата. Совршено се вклопува во простор за забава, како клубови, кафичи, ресторани, модни студија, продавници за облека… Кога зборуваме за домот, таа е најдобар избор за дневната соба. Но запомнете, користете ја со умереност, зошто лесно е да се претера.

Розева

Дизајнерите споделуваат дека таа е малку проблематична боја. Често е перцепирана како женска боја, па затоа голем број од луѓето ја одбиваат веднаш и без двоумење. Но секако дека постојат нијанси на розева кои ќе направат вашиот простор да изгледа свежо и луксузно. Ова е многу популарна боја за детска соба на девојче, градинки, училишта за деца од најмала возраст,игротеки и слично.

Портокалова

Топла боја во која може да уживаме. Креира чувство на благосостојба и го зголемува апетитот. Би изгледала добро во дневна соба, со тоа што ќе придонесе гостите кои ќе доаѓаат да се чувствуваат како дома. Кујната и трпезаријата исто така ќе биде погодно да се уредат со оваа боја.

Жолта

Оваа забавна и светла боја подобро е да ја користите само за акцентирање. Жолти теписи, гарнитура, перничиња, украси или други детаљи кои се пријатни за око може да бидат во оваа боја, но конкретно жолти ѕидови нема да биде добра идеја.