Сајтови со идеи за декор на вашиот дом

од  |  0 коментари

Декорирањето на домот, канцеларијата можат да бидат забавен проект но во исто време и голем предизвик кој може да ви предизвика непосакувани грижи.
Дилемата околу уредувањето без помош на професионалец знае да биде тешка задача без разлика на нивото на личен вкус за уредување и естетика. Доколку започнувате нов проект или пак потребни ви се неколку елементи со кои ќе го освежите просторот и ќе му дадете нова димензија.

Дали ви се потребни идеи?
Да го запрашаме Google 🙂 🙂 🙂
Често на Google можеме да пронајдеме броји идеи но и сајтови за мебел и уредување на домот со чија помош би можеле да го визуелизираме и својот простор.
Денес ви презентираме дел од сајттовите кои ги издвоивме за вас и се надеваме дека ќе успееме да ви помогнеме да го пронајдете совршениот избор на комбинации или во најмал случај па макар и мала инспирација за вашиот проект.

Дали сакате колоритни дизајни и смели принтови тогаш DecoratorsBest е вашиот најдобар пријател.
Сајтот ќе ве инспирира со идеите за колоритни тапети, материјали за перници и софи, а воедно ќе ве научи дека принтовите се одличен начин да му дадете нова свежина и модерен изглед на својот простор.

Etsy
Мега сајтот не е само империја за рачни изработки, исто така може да го користите како извор на идеи за пронаоѓање на уникатни парчиња мебел или декоративни елементи кои нема да ги најдете на ниту едно друго место.

Houzz
Одлични и свежи идеи на едно место , од идеи за уредување на дворот, капатилото, канцеларијата, галерии, дневни соби… овој сајт изобилува со прекрасни идеи споделени од корисници ширум светот.


Terrain
Овој сајт изобилува со одлични идеи за уредување на екстериерот, станува збор за елементи кои комбинирани заедно го доловуваат духот на фотографиите во стилот на  Instagram и Pinterest.

PBTeen
Мораме да признаеме дека чувствуваме опсесија со идеите на еден од наследниците на Pottery Barn кои продаваат шик мебел, постелнини и додатоци. PBTeen нуди услуги како бесплатен консалтинг за дизајн. Можете и да дизајнирате и сами со оваа интерактивна алатка. 

 

Urban outfitters 
Потребни ви се свежи, модерни идеи?
Погледнете ги на овој сајт.


ALL MODERN
Повторно нови идеи во модерен стил.
Научете како да ги комбинирате малите ситни детали зза да креирате модерен изглед во своето секојдневие.