Филмови кои сигурно ќе измамат и по некоја солза на вашето лице

од  |  0 коментари

Можеби не сте знаеле меѓутоа филмовите кои можат да ве расплачат според психолозите ќе ви го разбудат хормонот за среќа после тоа и ќе ве наполнат со позитивни емоции и ќе ве мотивираат.

Што најмногу може да ве расплаче кога станува збор за филмското платно?  Доколку се чувствувате насталгично но и романтично ви препорачуваме да ја погледнете нашата мала листа на филмови кои ќе направат да заплачете па макар и малку.

1. Awakenings

1

Филм кој ја отсликува состојбата на лицата со кататонична болест- страшн неизлечлива болест која ги прави несвесни за својот живот, без емоции и без воља, едноставно ги става во состојба на хибернација целиот нивен живот. Кога доктор Dr. Malcolm Sayer измислува терапевски третмани за пациентите тие полека почнуваат да се будат и да го почувствуваат вкусот на животот. Lyonell – Robert Deniro е еден од тие пациенти кај кого оваа терапија ќе го промени неговиот живот, но кога се започнува да му оди на подобро тој започнува повторно да се враќа во неговата кататочнична сосојба. Филм за емоции, непредвидени ситуации и големи очекувања, филм кој дефинитивно ќе ве направи емоционални и ќе ве заинтригира.

2. Schindler’s List

2

Филм на кого не му е потребно додатно претставување, погледнете го хаосот на Холокаустот и подгответе се за добра приказна со добра животна поука.

3. Life Is Beautiful (1997)

3

Животот е убав е одлична приказна за Германските концентрациони логори, животот на многу семејства, особено едно чија приказна станува толку трагична што ќе ве натера да го засакате своето семејство уште повеќе, затоа што Животот можеби е убав но знае да биде и горќлив.

4. The Green Mile (1999)

4

Повеќе од одличен филм, филм кој обработува тематика за дискриминацијата на црнците и нивното погрешно осудување, па макар и на смртна казна поради тоа што се црнци. Срцепарателна приказна која не само што ќе ви покаже која е моќта на сочувството туку и ќе ве направи посвесни.

5.The Notebook

Noah и Allie, играни од страна на  Ryan Gosling и Rachel McAdams,се вљубуваат уште откако се тинејџери без разлика на нивните социјални разлики. Години поминуваат откако тие се разделени поради почетокот на Втората Светска Војна, тие двајца се наоѓаат и сваќаат дека нивната љубов е се освен згасната. Без разлика колку пати сте го гледале овој класичен фил, не можете да ги избегнете безбројните солзи при самиот крај.

6. Ghost

Откако е убиен во страшна несреќа, Сем кој го игра познатиот глумец Patrick Swayze добива можност да остане на земјата како дух уште малку заради огромната љубов која ја има кон својата љубена Моли која ја игра  Demi Moore. Тој ќе се обидува да ја заштити преку помошта на видовита жена за да направи нештата да дојдат на свое место.

7. Blue Valentine

7

Ryan Gosling и Michelle Williams во главните улоги играат пар кој мора да се соочи со непредвидливите ситуации во животот како сопружници. Оваа романтична драма ја прикажува реалната слика за тешкотиите во бракот во вистинскиот живот и краевите кои не секогаш во животот завршуваат како во бајка.

8. Titanic

Млада жена со аристократско потекло ( Kate Winslet) се заљубува неоќчекувано во млад сиромашен сликар (Leonardo DiCaprio) додека се наоѓаат на пат во најлуксузниот и најголемиот брод дотогаш направен -познатиот Титаник. Иако помеѓу нив постојат големи пречки како социјалната разлика, класите, друг маж и интересите на едно семејство, тие двајцата учат еден од друг што значи вистински да се сака за време на една претстоечка голема трагедија во која едниот го дава својот живот за другиот.

9. A Walk To Remember

Срцепарателна сторија напишана од Николас Спаркс за два тинејџери кои се заљубуваат. Едниот е во улога на лошо момче додека пак девојката е бубалица- тивката, наивната и слатката девојка од училиштето. Споени од сосема неочекувани причини тие неочекувано се заљубуваат и заедно ја преживуваат трагедијата на сознанието за претстоечката терминална иднина на девојката.

10. It’s A Wonderful Life

Овој класик од 1946 година опишува трогателна приказна за ангел чија појава на Земјата има за цел да му помогне на фрустрираниот бизнисмен George Bailey да се предомисли за идеата дека не сака веќе да живее. Откако ангелот ќе му ја исполни неговата желба, тој ќе успее да виде врз колку животи имал влијание.

11. The Fault in Our Stars 

The-Fault-In-Our-Stars-Photos

Приказна за двајца тинејџери кои имаат различни типови на рак, се среќаваат на состаноците на група за поддршка на болни од оваа болест и заедно страдајќи од сознанието за сигурната смрт која ги следи целиот нивен живот, пробуваат да го обојат во розово нивниот темен свет. Заедно откриваат што значи да се сака, безрезервно да се живее во целост и да се живее за некоја цел.

12. Love Story (1970)

Двајца млади од различни социјални слоеви стапуваат во брак и покрај силниот притисок од еднипот родител кој се противи на оваа врска. Трагедијата за да биде уште поголема е проследена со тешка терминална болест која засекогаш ќе ги одвои мажот и жената и ќе покаже дека иако се обидуваме да прескокнеме одредени пречки во животот, друи помалку страшни навидум можат да не победат и покрај силната борба и воља која ја имаме против нив.