Големо пролетно подготвување на плакарот

од  |  0 коментари

Паралелно со големото пролетно чистење на просторот во кој живеете, средете ја и гардеробата во Вашиот плакар, кој после зимските попусти и сите други прилики за купување е зрел за средување.

Како да ја суредите и да ја заштитите зимската гардероба?

Прв чекор е потполно да го испразнете плакарот и да го исчистете. Потоа почнете со средување на гардеробата. Зимските алишта исперете ги и сложете ги во големи картонски кутии, кој просторот во плакарот ќе го направи уреден и поубав. Дебели и волнени џемпери ставете ги заедно во кутии или кеси, добро затворете ги и спакувајте ги во дното на плакарот. Заштитете ги алиштата од молците со миризливи траки или со лаванда. Палтата и зимските винтјаги прво однесете ги на хемиско чистење, а потоа во плакарот заштитете ги со посебни навлаки кои ќе ги добиете при купувањето на истите работи во продавница. Посебно е важно да ги заштитите светлите палта затоа што тие се осетливи и потешки за одржување. Не заборавајте да ги испразните џебовите! За преодниот период најдобро е да оставите повеќе тенки работи кои можат слоевито да се облекуваат.

Заштита од молци и влага

Шаловите, капите и нараквиците ставете ги во мали кутии и не заборавајте да ги заштитите од молци. Дебелите чорапи и долниот веш, доколку немате доволен број на фиоки, исто така можете да ги одвоите во посебни кутии. Не ја носите зимската облека во визба, доколку тоа не е квалитетен и сув простор, затоа што гардеробата може да впие мирис кој покасно тешко се отстранува.

Подарете ја гардеробата која повеќе не ја носите

Ова е идеална прилика да се решите од непотребната гардероба. Доколку нешто немате облечено во минатите две години, голема е веројатност дека тоа нема да направите ни во иднина и затоа подарете ја гардеробата во Црвен крст или на некоја друга социјална установа. Пред да заминете во хуманитарни организации или установи,исперете ги алиштата  и исчистете ги. Погледнете дали сите петлици се на свое место и по потреба зацврстете ги. Фрлете ги искинатите алишта. Потрудете се да ги израдувате луѓето кои после Вас ќе ја носат гардеробата.