Како да живеете убаво во мал стан

од  |  0 коментари

Ние имаме неколку совети за тоа како да живеете убаво во мал простор. Направете го малиот ентериер повеќе поднослив. Флексибилноста и истражувањето се клучни, затоа ние ви даваме некои совети како да го изведете тоа најлесно…

1. Измерете и планирајте

Ако знаете дека ќе живеет во мал простор, секој квадрат ќе се пресметува. За да бидете сигурни дека намештајот правилно ќе се вклопува, полека измерете све: должина, ширина и висина, дури и некои елементи како што се таваните или прозорите: овие елементи имаат доста влијание на изборот на вашиот намештај.

2. Скицирајте во 3D а размислувајте во 4 D

Со други зборови, пробајте да размислите како ќе изгледа намештајот во просторот и како ќе го користите во текот на целиот ден. Ставете приоритет за она што е навистина потребно и дизајнирајте го својот дом  во склад на сето тоа. Кога е се поставено, а вие сепак чуствувате како да имате доволно простор, можете да се посветите на деталите.

3.Што да се сокрие, што да се прикаже

Денес секој од нас користи повеќе од еден електронски уред во домот. Тоа значи премногу кабли има низ куќата. Пробајте да пронајдете начин да ги сокриете, а сепак да ви бидат достапни. Ова важи и за светлата. Колку повеќе ги имате, толку треба да ги сокриете. Тоа прави вашиот простор да биде чист и уреден и му дава простран изглед.

Ставете го станот на диета: Од првиот ден кога ќе се вселите во вашиот голем мал дом: бидете селективни. Запрашајте се што навистина ви е потребно, а што не. Сепак, несвесно ќе ставите работи кои подоцна нема да ви требаат што е сосема природно. Но, ако не сте во состојба да ги чувате сите тие работи, попаметно ќе ви биде да се ослободите од нив. Бидете уверени дека кога живеете во ма стан, празниот простор може да биде повреден од било кои нешта.

4. Изберете палета со бои

Ако отсекогаш сте имале своја омилена палета со бои, ова може да биде лесен чекор. Меѓутоа, ако вашиот нов дом не одговара заради постоечките материјали, можеби ќе треба да размислите кои бои одат во склад. Прашајте пријател за друго мислење при избирање на вистински бои кои одговараат на вашиот стил и стан.

5. Променливи и движечки нешта

Пример, во простор од 24м2, изгубената површина што ја зафаќа вашиот кревет може да биде драматична загуба во текот на денот. Во тој случај мултифункционалноста е клуч. Ако вашиот плафон е доволно висок, може да користите кревет на спрат. Ако не, размислете за кревет со развлекување. Денес, софите станаа прилично удобен кревет и полесни се за користење. Она што сакате да го избегнете, е стално да бидете во соба која наликува на спална соба, особено ако таму и планирате да работите.

6. Мултифункционално и флексибилно

Малите станови често имаат само една главна соба, во која треба да работи се. Всушност, својата соба можете да ја поделите на зони. Зона за одмор и работна зона. Нека бидат раздвоени со полица која неприметно го обележува раздвојувањето на просторот. Кога ќе ја поделите собата на зони, секогаш е корисно да ја промените таа величина во склад со вашите потреби.Во тој стан некои работи се ставени на куп едни до други. Тоа помага да се направи поголема дневната соба кога доаѓаат гости. Истовремено, работната соба може да биде попросторна за подобар комфор кога ја работите својата работа. Освен тоа, вашата правосмукалка ќе ви биде благодарна кога ќе треба да чистите.

7. Работа на различни места

Ако сте студент или работите од дома, долгото работно време може да биде прилично фрустрирачко. Посебно во мала соба. Размислете за тоа да организирате различни точки каде ќе можете да работите на различни позиции ( седење, лежење, стоење…)  и под различни светлосни услови. Ова помага да се избегне чуството на бескрајна работа. Во исто време отварате можност и вашите пријатели да работат заедно со вас.

8. Избегнувајте централно средство

Да имате еден силен извор на светлина на таванот може да биде најлесно и најефикасно решение да се осветли собата. Но тоа некогаш може да ја убие атмосферата во собата. Пробајте буквално да ја ширите светлината низ вашата соба. Тоа делува смирувачки на очите – подобро е да имате простор со повеќе слаби светла, отколку да имате “вештачко сонце”. Истовремено, имате светло во секој агол од домот , а тоа ви дава чуство дека секој агол од вашата соба е интересен и посебен. Тоа исто така дава илузија за поголем простор.

9. Пријателот сака да преноќи

Нема проблем! Бидејќи сте во состојба да створите нов простор можете да направите другиот кревет да се појави од нигде никаде. Многу е едноставно. Воздушниот кревет – душек или фотеља за расклопување се добар избор во тој случај. Пробајте на пријателот да му ги пружите сите услови за спиење кои и вие ги имате : исто светло, иста постелнина, иста боја. Тоа покажува дека се грижите за него.

10. Последно, но не и најмалку важно: Доме, слатки доме…

Колку подолго живеете во вашиот дом, тој станува дел од вас. И домот заслужува да добие исто толку внимание кое вие си го давате на себеси и на вашата околина. Прилагодете го, направете го посебен и откријте во себе дизајнер за ентериер!