Седум трикови за средена дневна соба

од  |  0 коментари

Големите средувања за време на викенд на никој не му е забавно, а на крајот на неделата се чини како да ништо немате исчистено. За да полесно го средите Вашиот дом, треба да воведете и мали секојдневни трикови.

Поклонете го мебелот кој не ви треба

Доколку не сте во состојба да го подарите стариот мебел штом ќе купите некој нов, Вашата дневна соба наскоро ќе заличи на депонија. Клучните елементи на удобната дневна соба се: удобна фотелја и две масички – помалa којa ќе биде во близина на фотелјата и една поголема маса. Неопходна е и една солидна полица за книги, а сите други елементи треба добро ги комбинирате.

Тргнете ги непотребните ситници

Или скоро сите! Запомнете дека правило е да околу 70% на површината на масата треба да биде празна. Или дури 75%! Сите ситници кои ќе го заземат дел од тој простор треба да најдат свое место во фиоките или на полиците.

Поврзете ги ситниците во целина

Никој не кажува дека морате да се откажете од Вашите драги ситници, малечки поклони кои ги имате добиено за 8ми март, роденден … Важно е дека можете лесно да ги тргнете и да ги враќате при средувањето и чистењето. Па затоа одлична идеја е да ги споите во целина, ставете ги на пример во еден украсен сад.

Маки со далечински управувач

Еден е за телевизорот, другиот за сателитската антена, а уз сето тоа доаѓа оној за клима уред, па DVD … Ставете ги сите во една кутија, а далечински управувач дополнително заштитете го од прашина.

Правило број 3

Воведете го правилото дека на полицата не смеат да седат повеќе од три предмети кои не се книги. Колку и да звучи нелогично, сите они кои поминуваат со часови бришејќи ги украсите, книгите, вазните, сувенирите знаат какво е тоа мачење. Значи на полиците за книги треба да бидат само книги, а доколку држете уште некоја ситница, не смеат да бидат повеќе од три. Еве уште едно правило: потрудете се да тие ситници бидат со иста боја. Тоа ќе го намали впечаток на нередот.

Бидете уредник на Вашите фотографии

Доколку сакате да ги држите фотографиите од своите членови на семејството, не дозволувајте да полиците и столчињата се претворат во албуми. Значи фотографијата треба да биде во рамка, или ставете ја во албум или во фиока. Исто така потрудете се да фотографиите бидат групирани и нагласете ги со рамките во иста боја и во сличен стил.

 

Кутија за играчки не е решение

Значи, потребни Ви се повеќе кутии. Најдобро е да изберете најмалку три или четири кутии во кои и самото дете ќе може лесно да ги собира играчките и да ги враќа на место. Тоа секако не значи дека детето ќе може да ги сортира во тие кутии, но ќе запомнат каде е за нив интересната играчка.