Халкидики – Грција

од  |  0 коментари

Халкидики, e полуостров  кој се наоѓа на југоисточниот дел на Грција, на само 60 км оддалешеност од Солун. Со своите 3000 км2, излегува на северниот дел на Егејското Море. Во морето влегува со три краци: Касандра, Ситонија и Атос (Света Гора).

3801
Регионот претставува идеална комбинација и мешавина на чиста природа, традиција, кулинарство, религија , ритуали … Мирисот на боровите дрва, зајдисонцата и изгрејсонцата, и солта од морето комбинирани заедно резултираат со ефект на опуштање за телото и умот .

Халкидики е идеален избор за вашиот незаборавен одмор или подолг престој. Халкидики има пријатна медитеранска клима, богата вегетација и чист воздух кој доаѓа од високите планини.
Трите краци или ”стапала” имаат свој уникатен шарм , историја и магија во себе. Велат дека не постојат други плажи во Грција со оние на налик на Халкидики.
Големиот филозоф Аристотел го обожавал медот од Халкидики, а веруваме дека и вие ќе ги обожавате природата и производите на нивните градини.

Температура на водите на Халкидики

Март Април Мај Јуни Јули Август Септември Октомври
  13°C 14°C 17°C 22°C 24°C 25°C 23°C 20°C

За секој тип на посетител постои место кое е добро да го посети.

*Љубител на природа
Трите полуострови се наоѓаат во Егејското море низ брег од  550 km со ијладници различни плажи. Вариететот на природната средина е идеален за истражување: 20 рути за планинарење и 17 рути за велосипедизам и маунтанбајкинг . За љубителите на природа Petralona пештерата е една од најубавите природни убавини со над 700.000 години стари пронајдоци!

1366112-bigthumbnail

prbig_143
*Историчари и интелектуалци

arxaia-nemea

Philippi

Халкидики е дел од многу митови кои играат голема улога во историјата на Грција. Регионот има  3.000 години стара култура поврзана со Olynthos, Toroni и  Akanthos. Аристотел бил роден во селото Stagira. Во лето Халкидики е кутурен дом на многу манифестации и фестивали.

*Гурмани
И за гурманите може да се пронајде нешто убаво на Халкидики , на понудата е вкусната медитеранска кујна , сирењето, грчкиот јогурт, маслиновото масло како неизоставен ддел од јадењата, зачинските тревки, виното од локалните винарии, свежата риба.
untitled-1921

69614456

сушен октопод

сушен октопод

*Семејства
Во Халкидики можете да летувате со своето семејство. Многу плажи нудат забавни активности каде децата безбедно може да си играат. Повќето од хотелите опремени се со базени за деца, соби за играње и игралишта Семејствата може да поминат време заедно уживајќи во природата и истражувајќи ги традиционалните села.

*Романтичари

Зајдисонцата и изгрејсонцата се ново ветување за забава и романтика во Халкидики. Поминете многу значјани мигови со саканите  во романтични соби и апартмани за двајца, откако ќе поминете време релаксирајќи се во спа центрите или пак по романтичната вечера со свеќи. Секогаш постои романтична плажа на која можете да се релаксирате без разлика на тоа колку популарен по своите забави е Халкидики.

d903b085c1d7f5e7a0124eb5030c8706

elia

*Авантуристи
Постојат многу нешта кои можете да ги направите во Халкидики. Комбинациите на планини и море нудат голем ибор на активности како нуркање, водени спортови, џип сафари, голф, јавање на коњи, едрење, одбојка, фудбал…

Доколку планирате да уживате на некој од краците на Халкидики ова лето погледнете ја понудата на Ариес Травел на следниот ЛИНК
За повеќе информации околу нивните LastMinute аранжмани погледнете на следниот ЛИНК.