Хидратантна домашна маска со авокадо за сува кожа на лицето

од  |  0 коментари

Лицето е огледало на нашата внатрешност затоа не смееме да дозволиме годините да го погазат еланот и енергичноста која ја чувствуваме во себе.
За таа цел денес ви предлагаме да приготвите маска со авокадо за сува кожа одлична е зза жени и маши над 20 годишна возраст, а идеална е за овој временски период затоа што сончевите зрави неповолно влијаат врз кожата и предизвикуваат предвремено стареење и незино сушење.
Оваа домашна маска одлична е за сува кожа, кожа која се лупи после сончање и при појава на брчки.
Рецепт:

  • 1/2 зрело авокадо
  • 2 лажици мед
  • 1/2 лажица кокосово масло

Изгмечете го авокадото во форма на пире и додадете ги останатите состојки. Наненсете на површината на лицето избегнувајќи ги областите околу очите и устата. Оваа маска оставете ја да стои околу 15 минути па потоа нежно избришете ја со топла влажна крпа наквасена со млака вода. Откако ќе ја исчистите маската од лицеето измијте го лицето со млака вода .
Оваа маска остава ефект на навлажнета и сјајна кожа, за таа цел ви предлагаме да ја користите барем еднаш неделно за време на летниот период или на растојание од 3-4 дена.