Добијте погусти веѓи и подолги трепки за 6 недели

од  |  0 коментари

Сите оние девојки кои велат дека долгите и густи трепки не се толку битни тогаш веќе ги имаат. Често не убедуваат дека трепките се категорија на влакна на лицето која не се менува, должината им е иста во текот на целиот живот. Се лажете, трепките можат да ви бидат и погусти и подолги и поцврсти доколку правилно ги негувате и ја храните фоликулата на нивното влакно, исто како што и тоа се однесува и за косата. Веѓите исто така спаѓаат во оваа иста категорија, преголемото кубење, пострижување и кратење после 35 година ќе го земе својот данок и ќе резултира со ретки веѓи без форма и облик. Веѓите се рамка на лицето затоа не ги кубете ексесивно, бидете погрижливи и оставете ги да порастат затоа што ќе ви бидат потребни а нема да го иматее тој ист сјај и убавина кај нив по 35.Шминката која секојдневно ја користиме со тек на време поради хемикалиите присутни во неа го зема данокот на нашето лице и предизвикува брчки како и губиток на влакна на трепките и веѓите. Но не грижете се, можете да го превенирате истиот но и воедно и да добиете погусти веѓи и трепки за 6 недели со користење на овој раствор од масла, кој блогерките ширум светот го нарекуваат магичен серум за погусти веѓи и погусти и подолги трепки.Пробавме малку да го истражиме дејството на серумот и откривме и дека може да се користи и од мажи за зголемување на густината на влакната а брадата само со нанесување на кожата за подолг временски период од 3 недели за да пројави резултат на местата каде што влакната се поретки.

feature-turbo-charge-mascara-890x395_c

Магичниот серум за брзо растење на влакната на лицето можете да го направите од следните неколку состојки:

-празно пакување од стара маскара (темелно исчистено со врела вода)

– рицинусово масло

– витамиски маслени капки (Е витамин). Ова масло е добро ида се користи за места на телото каде често се јавува целулит (местата да се масираат почесто со витамин Е масло затоа што содржи колаген и ја враќа цврстината на кожата, ќе го зацврсти местото, кожата ќе ја затегне и ќе го отстрани целулитот- но за тоа во понатамошните теми повеќе)

–  бадемово масло

За овој серум ви е потребно само малку содржина па сите овие состојки ке ви траат повеќе од една година. Предност е што можете да ги најдете во најблиската аптека до вас и доаѓаат во практични пакувања и цени до 100 денари секое, освен витамин Е маслото кое варира во цената во зависност од производителот.Во празното пакување од маскарата половина од содржината наполнете ја со рицинусово масло, додека пак другата половина нека биде сразмерно поделена на Витамин Е и бадемово масло.

Доколку не можете да пронајдете витаминско Е масло, тогаш серумот ќе биде ефикасен и само со мешавина од рицинусово и бадемово масло, но за побрзи резултати добро е да биде збогатено со витаин Е. Содржината се чува на собна температура и секоја вечер пред спиење се нанесува на веѓите и трепките, а се нанесува по малку со четчето од маскарата кое ќе ви биде доста практично.Кај некои луѓе овој третман покажува резултати веднаш, додека кај други покажува по втората недела од секојдневно користење. Меѓутоа најоптимален период за драстични промени е периодот до 6 недели од секојдневно користење.

Ви посакуваме среќа и ве советуваме да започнете уште од денес затоа што ние го пробавме и задоволни сме!