Интересни факти кои не сте ги знаеле за парфемите?

од  |  0 коментари

Мирисните ноти и емоциите

Научните истражувања откриваат дека постои некаква врска меѓу мирисите и емоциите. Со вистинскиот избор на мириси може веднаш да се чувствувате подобро и да имате добро расположение. Совет: Користете парфем со мирис на лаванда ако сакате да се релаксирате или со ароми на цитрусни овошја ако сакате да ја зголемите својата енергија.

Природа

Природата е најголемиот извор кој нуди сурови материјали за изработка на сите парфеми. Сите делови на растенијата се искористени најумешно. Почнувајќи од цветови, семиња, дрвја, овошја, лисја, корени, смола, корени, мов и лишаи од дрвја…

Животни

Настрана од растенијата во природата, животните се вториот најголем извор за материјал од кој се произведуваат мирисните ароми на парфемите. Но секако има и мирисните парфеми направени од животни кои содржат саќе, мошус, рицинус, амбра…

Есенцијални масла

Веруваме дека и вие сте слушнале дека првобитните парфеми биле направени од есенцијални масла измешани со алкохол и тоа специјално за Кралицата Елизабет од Унгарија во 1310. Овој парфем бил наречен “Hungary Water“. Изработен бил и како тоалетна вода и како парфем.

Зачини и билки

Од зачините и билките најпрво биле искористени коријандерот и темјанот. На тој начин името парфем дошло од латинскиот збор per fume што значи “низ чад“.

Image result for spices and herbs

Јасмин

Дали мислите дека вашиот парфем од јасмин е она што вие замислувате. Прегледајте ги состојките. Јасминот кое е популарна мирисна нота доаѓа од синтетичка форма со користење на материали како индол – кристално органско соединение со непријатен мирис, присутно во јагленовиот катран и во фецесот.

Цитат: Девојки, мажите никогаш нема да запомнат како изгледала вашата ташна, но затоа ќе го запомнат вашиот парфем. – Olivier Creed 🙂

За повеќе интересни содржини, следете не на фан страницата Prefer