Природна антоксидантна маска за лице

од  |  0 коментари

Најдобриот третман за вашето лице треба да биде едноставен и природен.
На вашата кожа потребен и е младешкиот слај и живост за време на овие екстремни временски услови. Суперхраната одлична е и за консумација (за здравје на организмот) но и за однадвор (за да го врати младешкиот сјај). Затоа денес ве предизвикуваме да го отворите своето шкафче и да искомбинирате храна за вистинско потхранување на вашата кожа.

За најдобри резултати оваа маска се препорачува да се прави до два пати неделно.

Состојки:
1 ќесичка зелен чај
1 лажица овесни снегулки
2 лажици кокосово масло
1/2 авокадо илупено и испасирано претходно

1 лажица какао во прав 

Ќесичката чај ставете ја во мала шоља за кафе во превриена вода . преклопете ја шољичката со поклопец.
Измелете ги овесните снегулки во блендер.
Измешајте ги сите состојки заедно во еден сад, мешајте со миксер додека не добијат конзистентна содржина.
Нанесете на лицето од маската.

Оставете ја да остои околу 30 минути.
Измијте го лицето со млака вода.
Кога ќе го исчистите убаво лицето, измијте го со млаз ладна вода за да ја забрзате циркулацијата на крвта.
Доколку од соцржината имате преостанато за уште една маска, што би требало да биде така, содржината ставете ја во сад од некоја крема во фридижер и искористете ја по два дена.