Маска за лице за намалување на порите и затегнување на кожата

од  |  0 коментари

Познатата блогерка Farah Dukai добро позната по своите корисни туторијали за убавина ве советува како да напрравите совршена маска за измазнување на вашето лице и намалување на видливите пори.
Ние ја испробавме и уживавме во нејзините благоддети за тоа решвиме да ви ја препорачаме и вам

Потребно за маската ќе ви биде:
– 1 белка од јајце
– 1 лажица жеќер

Изматете ги состојките во метален сад или со миксер или рачно и матете се додека содржината не стане пенаста. Нанесете ја пената на целото ваше лице – можете да користите и четка за нанесување или доколку ја нанесувате со раце претходно измијте ги секако 🙂
Измијте го лицето по 10-15 минути во зависност од чувството кое ќе го имате вз кожата.
По миењето со млака вода измијте го лицето со млаз ладна вода кратко.
Реезултатите се мазна кожа и затегнати пори.

Зошто функционира ?
Шеќерот помага кожата да изгледа младо и свежо и делува како природен ексфолиатор, додека пак белките поради високата содржина на протеини и помагаат на кожата да заздрави и ја спречуваат појавата на акни.
Пред да ја направите маската погледнете дали сте алергични на некои од состојките.
Различни состојки различно делуваат врз различните типови на кожа.
Доколку не сте сигурни пробајте ја на мал дел од вашето лице а доколку ви одговара користете ја барем 2 пати месечно.

***Маските за лице се користат со растојание од неколку дена.