Изберете накит според обликот на Вашето лице

од  |  0 коментари

Вистинско време за да ја искажете Вашата креативност, индивидуалност и убавина е да изберете накит. Сепак треба да водете сметка дали накитот се вклопува со Вашата боја на коса, очи и облик на лицето. Доколку Вашата коса е плава и имате светол тен, најдобро ќе ви седи накит од сребро, но и сите ланчиња со розови и светло сини детали кои одлично ја истакнуваат Вашите природни карактеристики. Ако имате светло плава коса и топла боја на тенот, златниот накит е идеален за Вас, а уште поубаво ќе Ви седат обетките и ланчињата во кафеави тонови или во боја на кајсија, кои на вистински начин ќе го истакни сјајот на Вашата коса. На црнките со посветла боја на кожа одговара и златен и сребрен накит, но и сите нијанси на црвена боја, додека на бринетите со потемен тен одговара злато.

Четвртесто лице – ланчињата уз врат ќе направи да Вашето лице делува пократко, а во исто време визуелно ќе ги намалат острите линии на брадата. Уз нив совршено ќе се вклопат сосема мали обетки со ситни камчиња или мали висечки обетки кои визуелно ќе го намалат четвртесто лице.

Лице со облик на срце – перлите делуваат префинето, а во исто време истакнуваат акцент на вратот. Кога станува збор за обетки, во облик на солза или триаголник на вистински начин ја нагласуваат убавината на жена со лицето во облик на срце.

Тркалезно лице – долгите ѓердани и ланчиња со приврзоци ќе направат да тркалезното лице делува по издолжено. Изберете квадратните и правоаголни облици, како и долги висечки обетки, а избегнувајте голем и тежок накит.

Овално лице – скоро секој ланчиња изгледаат одлично на вакво лице и затоа слободно експериментирајте со накитот. За да изгледате поелегантно, одлучете се за бисерни ѓердан уз врат. Алки и раскошните висечки обетки фантастично изгледаат на овалното лице, но водете сметка за тенките и долги обетки кои непотребно можат да Ви го издолжат лицето.