Како правилно да ги носите џемперите?
Плетените џемпери со интересни бои и облик се задолжителен моден додаток во ладните денови, а и можат да се носат во секоја прилика.
Со плетените џемпери можете да одите на работа, на прошетка, да излезете со пријателите на кафе или вечера. Но задолжително водете сметка за тоа да одговараат на Вашиот облик на тело.
Високи девојки – девојки и дами кои се високи треба да изберат џемпер со многу бои и дезени. Џемпери кои го пратат обликот на телото се многу подобри од оние екстравагантни и асиметричните.
Ниски девојки – жените со понизок раст имаат погрешно мислење за плетените џемпери. Тие сметаат дека тие потполно ги затвораат и ги прават уште пониски. Но тоа воопшто не е вистина, бидејќи со едноставен еднобоен плетен џемпер можете да изгледате сосема совршено. Долги џемпери без петлици и рамни линии визуелно ќе Ве издолжат. Ако уз тоа Вашиот изглед го потполните со ефектно ланче, ќе изгледате совршено.
Жени без облини – долги струкирани џемпери со широки слоевити ракави на дамите кои се без облини даваат изглед на песочен часовник. Појасот кој е спуштен на боковите ги истакнува колковите, го тргнува вниманието од рамниот горен дел. Подебели џемпери додаваат маса и затоа се идеални за слабите жени.
Жени со тело во облик на јаболко – овој тип на жени се плаши од плетените џемпери, но и нема потреба од нив. Тајната е во тоа, да се одлучат за лесни а не широки модели. Кроевите во облик на шатор визуелно додаваат килограми па затоа треба да се избегнуваат. Со додавањето на богат и интересен накит поблиску до лицето, го тргнувате вниманието од проблематичните делови на тело. Добро дефинирани рамена, облик кој одговара, потесни ракави и ќе уживате во носењето на овие топло џемпери.
Жени со тело во облик на круша – Џемперите во облик на школка го нагласуваат горниот дел од телото и го тргнуваат вниманието од големиот задник. Со овој џемпер треба да се комбинира едноставни панталони со равен крој или фармерки со висок струк. Џемпери во пруги се одлична алтернатива бидејќи долгите пруги ги издолжуваат боковите.